Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ангелко Ангелески, агрометеоролог: Температурите, иако ниски, нема да причинат поголеми штети во земјоделските региони
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Ангелко Ангелески, агрометеоролог: Температурите, иако ниски, нема да причинат поголеми штети во земјоделските региони
Агропрогноза

Ангелко Ангелески, агрометеоролог: Температурите, иако ниски, нема да причинат поголеми штети во земјоделските региони

Објавено 06/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

И покрај тоа што деновиве нашата земја беше зафатена од ниски температури, агрометеорологот Ангелко Ангелески вели дека со оглед на тоа што заради облачноста, во земјоделските региони температурите не се спуштија под нулата, не се очекува ниските температури да влијаат на овошките.

Клучен беше денешниот ден, бидејќи по разведрувањето се чекаше да се види дали ќе има појава на утрински мраз, но засега температурите, иако ниски, не причинуваат поголеми штети, рече Ангелески за Агротим, кој ни објасни како ниските температури влијаат на овошните дрвја.

„Кај расцветаните овошни видови можни се штети во затворен цвет на температури од -3, -4 степени Целзиусови. Јаболчестите овошки се уште не се расцветани, па кај нив поради минусните температури е можно само мало проретчување. Кај овошките кои веќе имаат отворен цвет веќе на -2 степени Целзиусови се забележуваат штети, но тоа не значи дека родот целосно ќе се унушти, особено со оглед на тоа што минусните температури не се во текот на целиот ден, туку само 2-3 часа во раните утрински часови.

Проблемот е кај овошките кои веќе имаат заметнат плод, како што се кајсиите, бадемите. Тие веќе претрпуваат штети на -1 и 2 степени Целзиусови и ниските температури можат да ги изгорат.

Исто така многу е битен и типот на почвата. Алувијалните, пропустливите почви не задржуваат многу вода и растенијата изсржуваат пониски температури.“ , објасни Ангелески.

Ангелески напоменува дека со оглед на тоа што минусните температури нема да се задржат повеќе денови, можно е само проретчување на плодот од помали размери, но тоа пак ќе резултира со покрупни плодови, така што количината на плодови ќе биде иста. односно наместо да се добијат повеќе ситни плодови, ќе се добијат помалку, но покрупни плодови.

Може да ви се допадне

Многу топло, попладне нестабилно со дожд, грмежи и ветер
До петок настабилно време со дожд, грмежи и ветер
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
За викендот сончево и многу топло до 40 степени
Сончево и многу топло, попладне можен локален дожд
Таг:временска прогноза
Претходен напис Утрово најстудено и најмногу снег на Попова Шапка, во поголем дел од земјава температурите над нулата
Следен напис Македонија прва во регионот по потрошувачка на шеќер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?