Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цените на ѓубривата на светскиот пазар продолжуваат да паѓаат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Цените на ѓубривата на светскиот пазар продолжуваат да паѓаат
Пазари

Цените на ѓубривата на светскиот пазар продолжуваат да паѓаат

Објавено 30/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на ѓубривата на глобално ниво продолжуваат да паѓаат. Аналитичарите наведуваат дека повеќето од главните одредници за уреа достигнале привремени ниски прагови. Во тоа помогнало и одредувањето на цените на индискиот тендер на 3 март и сезонското купување во Европа и САД, пишува Agrarheute. Глобалната трговија со амонијак се смета дека останува огранчена и пазарот очекува понатамошни остри падови при следното фиксирање во Тампа, САД.

Падот на светските цени продолжува и кога се во прашање фосфатите. Главно поради пониските трошоци за суровини, зголемените залихи и ограничената побарувачка. Глобалните купувачи на поташа потешко се одлучуваат да купуваат поради очекуваниот понатамошен пад и отсуството на нова индикативна цена на договорот за Индија и Кина.

Агенцијата Fitch дополнително ја намали својата прогноза за уреа и други азотни ѓубрива за 2023 година. Тоа е оправдано со падот на цените на гасот и испораките од претходно санкционирани земји како Русија, Иран и Венецуела.

Кога станува збор за Германија, цените на најважните азотни ѓубрива паднаа за дополнителни 10 евра/тон. Калциум амониум нитрат чинеше 360 евра/тон во текот на неделата, што е околу 250 евра помалку отколку на почетокот на годината. Уреата е нешто повеќе од 480 евра, додека растворот на уреа амониум нитрат AHL чини нешто помалку од 380 евра/тон.

Цените на фосфорните и поташните ѓубрива паѓаат на светскиот пазар, но не и во Германија. За тон поташа потребно е да се издвојат 585 евра/тон. DAP е нешто помалку од 720 евра/тон.

Треба да се напомене дека Русија би можела да ги продолжи ограничувањата на извозот на ѓубрива за шест месеци до ноември за да помогне во поддршката на домашниот пазар, изјави рускиот министер за земјоделство Дмитриј Патрушев.

Москва воведе привремени извозни квоти за некои ѓубрива на крајот на 2021 година за да го обезбеди домашното снабдување, но оттогаш постојано ги продолжуваше. Ограничувањата истекуваат на крајот на мај.

Може да ви се допадне

ЕУ со нов план за обезбедување на ѓубрива и прехранбена сигурност
Новиот европски план за ѓубрива: Поголема поддршка за земјоделците и развој на биолошки ѓубрива
Војната во Иран го поскапе вештачкото ѓубриво, расте стравот од зголемување на цените на храната
Унгарците бараат укинување на царините за руските и белоруските ѓубрива: Страв од зголемување на цените на храната
Српските земјоделци со фактури за набавка на репроматеријали ќе докажуваат за што ги трошат субвенциите по површина
Таг:ѓубривапоташа
Претходен напис Пошумување на опожарени површини во Делчевско
Следен напис Македонците консумираат најмалку месо во Европа, 39 килограми по жител годишно
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?