На 20.02.2023 во СВР Битола бил извршен службен разговор со Б.Н.(60) од с.Кукуречани, Битолско. Тој се сомничи дека на 18.02.2023 околу 17.00 часот во атар на село Крклино, Битолско, запалил стрниште при што настанал пожар во нива кој зафатил и далновод за пренос на електрична енергија, соопшти Министерството за внатрешни работи.
По извршениот службен разговор Б.Н. пред полицијата од СВР Битола тој признал дека го запалил стрниште при што настанал пожар во нивата кој потоа го зафатил и далноводот.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
