Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски во посета на фармата на Ангелови: Со поддршка од АФПЗРР до развој на фармите и генетскиот сточарски потенцијал
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бачовски во посета на фармата на Ангелови: Со поддршка од АФПЗРР до развој на фармите и генетскиот сточарски потенцијал
Агровести

Бачовски во посета на фармата на Ангелови: Со поддршка од АФПЗРР до развој на фармите и генетскиот сточарски потенцијал

Објавено 21/02/2023
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски, ја посети фармата на семејството Ангелови во селото Горобинци.

„Земјоделството и сточарството се главна економска активност на овие вредни фармери кои обработуваат 60 хектари со житарици и поседуваат фарма со 100 крави.

Преку програмата за рурален развој и мерката за набавка на добиток, И.З Алек Дај добива финансиска поддршка за набавка на 30 високостелни говеда од расата Симентал кои се увезени од Чешка.
Оваа набавка е поддржана од АФПЗРР со кофинансирање на 75% од вкупно направените трошоци или 3.3 милиони денари.

Со зголемувањето на своето стадо со педигрирани говеда, оваа семејна фарма добива нов генетски потенцијал со кој ќе се зголемат количините и квалитетот на произведено и предадено млеко и ќе се добие свежо и квалитетно говедско месо.

Дополнително, И.З Алек Дај е корисник и на директните плаќања за производство на житни култури, за одгледување на говеда, за произведено и предадено млеко како и за заклани говеда во преработувачки капацитет.“, рече Бачовски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бачовски
Претходен напис Од запалено стрниште предизвикан пожар во Битолско
Следен напис МЗШВ: Усвоена програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година вредна 1,3 милијарди денари  
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?