Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Технологија на одгледување ран компир
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Технологија на одгледување ран компир
Растително производство

Технологија на одгледување ран компир

Објавено 02/03/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Компирот е култура со големо значење за човековата исхрана. За таа цел фармерите се заинтересирани да ја одгледуваат, бидејќи е високо доходовна култура со која за краток временски период се остваруваат приноси кои се многу рентабилни.

Најдобри приноси од компирот се добиваат кога средните месечни температури на воздухот не ја поминуваат границата од 19ºС, што значи дека температурните услови се многу важен фактор за одгледување на компирот. Во некои региони температурата негативно влијае врз развитокот на компирот ако таа се движи околу 0 и -1°С. Во таквите услови на одгледување компирот е осетлив на пролетните мразеви, а подоцна компирот има способност да ги обнови, но приносот значително ќе биде намален.
За одгледување на компирот пожелно е да се користат лесно растресити почви кои се богати со хумус и се со слаба кисела реакција односно рН од 5-6 %. За добивање на рано производство на компир потребно е да се изберат сорти на компир со покуса вегетација од 55 до 65 дена. При изборот на сортата пожелно е фармерот да се консултира со стручно лице бидејќи на пазарот се нудат разни сорти по квалитет и вегетација на зреење. Изборот на сортата е еден од важните фактори за остварување на висок принос.
За да се остварат високи приноси од раните сорти на компир, фармерите треба да применуваат соодветна модерна технологија и норми на ѓубрива и наводнување. Количествата и начинот на ѓубрење на компирот се базира врз основа на претходно извршена почвена анализа. Како важна агротехничка мерка количествата на ѓубре имаат за цел да обезбедат доволно хранливи материи за остварување високи приноси.
Компирот има големи потреби од хранливи материи и се вбројува во културите што бараат поголеми количества минерални ѓубрива. Со употребата на овие ѓубрива важно е да се води сметка за потребните норми на употреба на ѓубривата по единица површина. Одгледувањето на компирот и остварениот принос ќе зависи од тоа дали се одгледува на отворено поле или во пластеници.
Потребно е да се знае дека раните сорти со краток вегетациски период имаат поголема потреба од азот. Исто така, при исхраната на компирот треба да се обрне внимание на елементите калциум (Са) и магнезиум (Mg) кои играат главна улога во остварувањето високи приноси. Ѓубривата се применуваат на три начини: со заорување, пред сеидба со прихранување и прихранување со наводнување капка по капка. Количествата на комплексните ѓубрива се движат од 800 до 1.000 кг по ха. Раниот компир бара ѓубрива во одделни елементи кои се лесно растворливи во зависност од типот на земјиштето. Најоптимален рок за садење на рано производство на компирот е кога температурата на почвата изнесува 7-8ºС. Во такви временски услови компирот може да се одгледува во пластеници. Во подрачјето со такви климатски услови садењето на компирот во пластеници може да започне во првата декада на февруари.

Во пластениците, компирот може двојно да се заштити со употреба на втора фолија или АГРИЛ, која со голем успех го заштитува раното производство на компир без ризици од измрзнување. Во врска со густината на садењето на компирот во пластеници се препорачува густина (60 x 30 = 55.000 растенија или 65 х 30 = 51.000 растение по ха).

Првото наводнување на компирот се применува пред бутонизацијата и пред цветањето на компирот, а во услови на одгледување на компирот во пластеници наводнувањето започнува порано. Количеството вода за едно налевање на раниот компир по м2 ќе зависи од типот на почвата и се движи од 30 до 100 мм. По секое наводнување пожелно е, по потреба, прскање про- тив болести и штетници. Во услови кога има врнежи, некои фармери сметаат дека не треба да се наводнува, но во практиката е докажано дека по определен временски период е потребно минимално наводнување во помали количества, но почесто. Кај компирот позначајни заболувања се: пламеницата, црната дамкавост и прашната краставост, а инсекти што најчесто го напаѓаат компирот се: компировата златица, лисната вошка и совица.

Пишува: дипл. инж. агр. Стојан Глигоров

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:ран компир
Претходен напис Мали семејни винарии учествуваа на Slow Wine Fair 2023 во Болоња
Следен напис Механичко чистење на боров четник
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?