Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мали семејни винарии учествуваа на Slow Wine Fair 2023 во Болоња
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Мали семејни винарии учествуваа на Slow Wine Fair 2023 во Болоња
Саеми и манифестации

Мали семејни винарии учествуваа на Slow Wine Fair 2023 во Болоња

Објавено 02/03/2023
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со финансиска поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, 12 мали семејни винарии учествуваа на Саемот Slow Wine Fair 2023 што се одржа во Болоња.

-Нашите винарии во Болоња ги промовираат автохтоните сорти грозје, традиционалните и одржливи техники на производство, како и нашето традиционално гостопримство преку развој на винскиот туризам. Малите семејни винарии се наша успешна приказна. Ја продолжуваме поддршката за нив со грантови до 10 000 евра, а новитет е и финансиската поддршка од 5.000 евра грант за дестилериите, напиша министерот за земјоделство Љупчо Николовски на својот официјален фејсбук профил. 

Домашните винари кои учествуваа на Саемот се едногласни во оценката дека овој настан им помогнал да се споредат со другите и да ги одмерат „силите“. Саемот во Болоња, велат, беше првиот сериозен чекор кон винскиот туризам, кон промовирање на автохтоните сорти грозје и традиционалните и одржливите техники на производство.

Поддршка на претставувањето на македонските винарии во Болоња дадоа и Слоу Фуд Интернационал, Болоња Фиере и Амбасадата на земјава во Рим, додека логистичка поддршка обезбеди и македонската заедница во регионот Емилија-Ромања.

На Slow Wine Fair 2023 учествуваа 791 винарија од 21 земја.

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
Неготино организира натпревар за најдобри вина и ракии од индивидуални производители и семејни винарии
Николовски: Имаме нови 146 мали семејни винарии кои успешно искористиле грант до 10.000 евра
Таг:Slow Wine FairБолоњасемејни винарии
Претходен напис Стартува проектот за дигитализација на лозарството и модернизација на техниките за производство на грозје
Следен напис Технологија на одгледување ран компир
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?