Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почна распределбата на донацијата од италијанските карабинери, министерот Николовски и амбасадорот Силвестри денеска им ја врачија опремата на шумските полицајци од ШПС Штип
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Почна распределбата на донацијата од италијанските карабинери, министерот Николовски и амбасадорот Силвестри денеска им ја врачија опремата на шумските полицајци од ШПС Штип
Шумарство и водостопанство

Почна распределбата на донацијата од италијанските карабинери, министерот Николовски и амбасадорот Силвестри денеска им ја врачија опремата на шумските полицајци од ШПС Штип

Објавено 02/02/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и амбасадорот на Република Италија Н.Е Андреа Силвестри и војниот аташе за одбрана на Италија, г-дин Стефано Анџиони, во присуство на раководителката на Секторот Шумска полиција, Аница Симеоновска и командирот на шумско-полициската станица Горан Трајков, денеска лично им ги врачија униформите и опремата на шумските полицајци од шумско-полициската станица во Штип. Овој настан е само продолжение на успешната реализација на договорот за донација на униформи и опрема, за потребите на македонската Шумска полиција, од страна на италијанските карабинери.

Постапката за оваа огромна донација започна во декември 2017 година, пратката пристигна кај нас летото 2022, а по завршените административни процедури, започна нејзино распределување до шумско-полициските станици низ целата држава.

Вкупната бројка на донираните униформи и друга опрема е околу 46 000 парчиња, во вредност од 4.2 милиони евра. Донирани се летни и зимски униформи, мантили, летни и зимски кошули, волнени џемпери, чорапи, маици, елеци, капи, високи и ниски чизми, спортски обувки, ранци, кабаници за дожд и друга дополнителна опрема за терен. Дел од опремата и униформите за Шумската полиција, може да биде наменета за територијалните противпожарни бригади, полицијата, армијата и дирекцијата за заштита и спасување, со оглед на тоа што донацијата е во огромни количини и содржи и противпожарна опрема, огноотпорни чизми, панталони и ракавици.

Министерот Николовски упати голема благодарност до италијанскиот амбасадор и карабинерите на Република Италија, искажувајќи почит и надеж дека соработката ќе продолжи и понатаму, преку твининг проекти и обуки за размена на искуства и учења со оглед на одличните резултати од теренските активности кои ги имаат постигнато италијанските карабинери.

Минатата година, од буџетот на МЗШВ, нашите шумски полицајци за прв пат после 13 години добија по два сета зимски и летни униформи и чизми, во вредност од околу 15 милиони денари. Сега, преку донацијата на италијански карабинери, шумската полиција ќе биде доопремена со сè што е потребно за нивно непречено извршување на задачите во бескомпромисната борба против организираниот криминал и нелегалната сеча, а министерството и понатаму ќе се грижи за континуирано подобрување на условите за работа на шумската полиција.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!
Таг:карабинеришпц штип
Претходен напис Николовска: „Рурално е модерно“ треба да биде државен проект за враќање на животот во селата на европски начин
Следен напис Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 03.02.2023 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?