Врнежите од дожд и формирање на снежна покривка на повисоките места, кои се случија во измината седмица се оценуваат како позитивни агрометеоролошки услови, особено за есенските посеви, каде количеството на паднат воден талог ќе обезбеди добра залиха на влага за идниот вегeтационен период.
Во наредните денови се очекува повремени врнежи кои ќе бидат претежно од снег со слаб до умерен интензитет. Во петок во текот на денот ќе има преодно стабилизирање на времето, а во сабота повторно ќе има повремени врнежи претежно од снег. Потоа во следните денови ќе се задржи студено време со ниски утрински и дневни температури, а за време на викендот ќе дува и засилен северен ветер. Минималната температурата ќе се движи во интервал од 0 до -11°C, а максималната температурата ќе се движи во интервал од -3 до 9 °C.
Како резултат на ваквите ниски утрински и дневни температури, кои ќе бидат во граници на издржливост кај културите, е доволен податок за земјоделските производители да не стравуваат од евентуални штети, од аспект што ја одржуваа состојбата во услови на мирување, состојба која е неопходна во овој период.
Овие временски услови очекуваме да им годат на културите во услови за презимување, но доколку почвените услови тоа го дозволуваат земјоделците да влезат во нивите, може да се отпочни и со кроењето на виновата лоза, која е обемна операција и потребно е време да се заврши навреме.
Извор – УХМР
