АФУС АЛИ
Позната уште и под синонимите Dattier de Beyrouth (Среден Исток), Rosaki (Франција и Шпанија), Regina (Италија) и Waltham Cross (Јужна Африка), сортата Афус али е источна сорта која преку Бејрут е раширена во Западните земји и денес е најраспространета трпезна сорта во светот.
Во Македонија е водечка трпезна сорта, најмногу застапена во топлите виногорја, а на помали површини и во другите виногорја. Афус али е доцна сорта со големи издолжени зрна. Треба да се применува мешовита резидба со лакови
од 8-10 окца. При врнежливо и ладно време во фаза на цветање доаѓа до појава на реулавост (ситни неоплодени зрна).
Ампелотехнички мерки АФУС АЛИ
20 cm должина на ластарите
• Отстранување на ластари без гроздови
60 cm должина на ластарите
• Распоредување и врзување на ластарите
• Отстранување на посилно развиени странични ластари
Пред цветање
• Отстранување на инфериорни и лошо позиционирани гроздови
• Редукција на приносот со оставање на еден грозд по ластар.
• Пинцирање на страничните крилца
• Во оваа фаза да не се пинцира врвот
За време на цветање
• Благо пинцирање на бујните ластари
После цветање
• Скратување на гроздот на 8 cm должина
• Дефолијација (отстранување на листови околу гроздот)
• Прстенување за добивање на поголеми зрна ако е неопходно
• Ограничување на принос (5.5 гроздови/m2).
Кога зрната се со дијаметар од 7-8 mm
• Отстранување на малите зрна
Кога зрната се со дијаметар од 10 -12 mm непосредно пред затворање на гроздот
• Отстранување на зрна за последен пат
