Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски: Со 17 милиони денари добиени од ИПАРД 2, „Фор Лејди“ е сега компанија со зголемен број на вработени и многу побогат асортиман на производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Бачовски: Со 17 милиони денари добиени од ИПАРД 2, „Фор Лејди“ е сега компанија со зголемен број на вработени и многу побогат асортиман на производи
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Бачовски: Со 17 милиони денари добиени од ИПАРД 2, „Фор Лејди“ е сега компанија со зголемен број на вработени и многу побогат асортиман на производи

Објавено 24/01/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски, заедно со премиерот Димитар Ковачевски и министерот Љупчо Николовски ја посетија компанијата „Фор Лејди“ во Илинден, која преку мерката 7 – диверзификација на фарми и развој на мали бизниси од ИПАРД 2 програмата, по успешната евалуација на проектот и склучувањето на договорот со АФПЗРР, добила поддршка од 17 милиони денари, што преставува 65% од вкупната вредност на инвестицијата.

„Една од целите на ИПАРД програмата е и поттикнување на нови и задржување на постојните работни места преку зголемување на нивото на економската активност во руралните средини.
Оваа цел најдобро се достигнува преку финансиска поддршка за развивање на микро и мали претпријатија кои се базираат на локални ресурси и во себе содржат елементи на претприемништво.


Со таква мисија е и компанијата ДПТ „Фор Лејди“ од Илинден. Оваа семејна компанија ја искористила можноста да аплицира на јавен повик за мерката 7 – диверзификација на фарми и развој на мали бизниси од ИПАРД 2 програмата.


По успешната евалуација на проектот и склучувањето на договорот со АФПЗРР, компанијата набавила најсовремена опрема како машини за плетење, машини за шиење и машини за автоматско диплење и пакување со рачно полнење.


За својата реализирана инвестиција, „Фор Лејди“ преку ИПАРД програмата добива поддршка од 17 милиони денари што преставува 65% од вкупната вредност на инвестицијата.
По ваквото осовременување „Фор Лејди“ е сега компанија со зголемен број на вработени и многу побогат асортиман на производи кои главно се пласираат на домашниот пазар, но поради својата специфичност, квалитет и иновативност има голем потенцијал да ги освои и регионалните и европски пазари.


Им посакувам многу успех во работата, со очекување дека преку нови проекти ќе продолжат да бидат активни корисници на ИПАРД 3 програмата.“, изјави Бачовски.

Сo новата ИПАРД 3 програма (2021-2027) инвестирајте во растително и сточарско производство, 60% од инвестицијата е грант

Може да ви се допадне

ИПАРД 3 програмата на располагање на бизнис заедницата
Фон Бекерат на Неделата на можности на ЕУ: Србија пропушти 76 од 175 милиони евра што беа наменети преку „ИПАРД 2“
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Насади со ФСТАЦИ – перспектива за македонското овоштарство: Услови, набавка на садници, садење, резидба…
(ВИДЕО)Одгледувањето на ова растение носи астрономски профит! Ретко кој го одгледува, а има одлична основа за добра берба
Таг:БачовскиИПАРД 2ипард 3мерка 7Фор лејди
Претходен напис ЕУ легализира штурци и ларви за јадење
Следен напис Ќе се рехабилитира локален пат за пристап до земјоделско земјиште до туристичката наслеба Абланица
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?