Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) Како правилно се кастри оревот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > (ФОТО) Како правилно се кастри оревот
Растително производство

(ФОТО) Како правилно се кастри оревот

Објавено 17/01/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со кастрењето на оревите се постигнува постојана рамнотежа помеѓу растот и плодноста. Се добиваат поголеми и поквалитетни плодови, подобра осветленост на круната и постојано подмладување на стеблото. Во природата оревот најчесто формира пирамидална круна, а во интензивното производство најчесто се среќаваат круна во форма на вазна и подобрена пирамидална круна.

Кастрењето започнува од моментот на садење, а обликот се формира и во текот на плодоносење. По засадувањето на оревите, садницата се скратува. Висината зависи од висината на стеблото што го сакаме и од големината на садницата. Стеблото не треба да биде ни премногу долго, ниту премногу ниско.

Пресек на стеблото

Предолгото стебло го одложува времето на плодоносење, отежната е резидбата, бербата, заштитата. Ако сакаме дрво со висина од 1-1,2 метри, го кастриме на 1,2 до 1,5 метри, значи 20 до 30 см погоре. Пресекот треба да се направи 0,5 см над добро развиена пупка и благо накосо од пупката.

Пресекот треба да се премачка со некои средства за зараснување, како што е калемарски восок. Оваа мерка треба да се спроведе веднаш по престанување на можноста за замрзнување на садниците (доцна пролет). Малите садници не се кројат додека не пораснат до саканата висина.

Време на кастрење

Кастрењето на оревите се врши непосредно пред почетокот на вегетацијата, од средината на март и во текот на април, кога е помината опасноста од доцните пролетни мразови, како и во текот на вегетацијата, таканаречено зелено кастрење. Оревот има карактеристика на соголување на гранките и пренесување на вегетациската маса и плодот на периферијата. Со резидбата се настојува овие процеси да се забават, а да се добијат што е можно повеќе квалитетни плодови. Тоа најлесно се постигнува со зеленото кастрење/зелената резидба.

(лево) правилно кастрење (десно) неправилно кастрење

Зелено кастрење

Зеленото кастрење се состои од пинцирање на врвовите на младите ластари долги 10-15 см, во првата половина на јуни. Подоцнежното кастрење, во текот на јули или август, може да доведе до продолжување на вегетацијата и недоволно созревање на ластарите. Силната (кратка) резидба кај бујните стебла треба да се избегнува, бидејќи тоа води до подоцнежно плодоносење. Благото (долго) кроење на бујните стебла поволно влијае на намалувањето на бујноста и го забрзува плодоносењето.

Круна во форма на вазна
Оваа круна е основната форма за раст на оревите. Во основа има 4-5 скелетни гранки распоредени кружно на стеблото со вертикално растојание од 15 до 20 см (не започнуваат сите од исто место). Околу нив се отстрануваат сите други никнати гранки кои можат да им конкурираат на скелетните гранки. Избраните ластари се скратуваат за 1/3 од нивната должина пред почетокот на следната вегетација. Може да се остават послаби ластари за зајакнување на лисната маса за подобар раст на главните гранки и гранките што ќе се развијат од нив. Тие мали прирастоци ќе бидат отстранети во наредните години. Во втората година, во текот на вегетацијата, на основните гранки се развиваат поголем број млади ластари. Се бираат млади ластари кои ќе ги претставуваат идните секундарни гранки. Тие треба да се наоѓаат на растојание од 50 см од основата на скелетните гранки и треба наизменично да се распоредуваат на примарната гранка. Како и во втората, така и во следната (трета и четврта година) гранките што никнуваат од гранките од претходната година се скратуваат за 1/3 до 1/4 од правилниот распоред, а останатите се отстрануваат (особено оние што растат исправено и во средината на круната).

Подобрена пирамидална круна
Подобрената пирамидална круна е уште една форма што се среќава во насадите со ореви. Во текот на пролетта од искастрената садница ќе се развијат повеќе ластари. Во јули се избираат 2-3 млади ластари од кои го издвојуваме најразвиениот, а другите се распоредеуваат за страничните основни гранки. Нивното растојание треба да биде 30-40 см во висина. Во следните години постапката се повторува и спирално се распоредуваат скелетни гранки по целата должина на примарната гранка. По четвртата година примарната гранка се скратува до последната скелетна гранка. Сите вертикални израстоци кои и конкурираат се исфрлаат од круната. Распоредот на гранките треба да овозможи рамномерно изложување на сонце на целата круна без меѓусебно засенчување на гранките. Пожелно е сите резови да се премачкаат со средства за заздравување и дезинфекција.

Извор: Земјоделски стручни и советодавни услуги Нови Пазар

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Пролетна зелена резидба кај виновата лоза
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Таг:кастрењеореврезидба
Претходен напис (ФОТО) На фармата на младиот Никола од Кадино: Се одлучив да одгледувам кози, свињи и живина, бидејќи мислам дека тоа е една добра и благородна работа, а срцето е полно со љубов
Следен напис Зошто матичниот млеч се нарекува еликсир на долговечноста?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?