Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Откупена речиси цела реколта тутун пред законскиот краен рок
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Откупена речиси цела реколта тутун пред законскиот краен рок
Агровести

Откупена речиси цела реколта тутун пред законскиот краен рок

Објавено 14/01/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Реколтата тутутун е речиси откупена, а до крајниот законски рок има уште месец и половина. Досега се преземеи 98 насто од ланскиот род по просечна цена од 288,1 денари, велат од Сојузот на земјоделските здруженија, нагласувајќи дека ваков брз откуп и побарувачка од 10 откупни компании не се памети.

-Откупени се 20 800 тони, што е 98 насто од целиот род. Квалитетот беше добар, се бараше тутунот и експресно се купуваше. Вакво нешто не паметиме. Со време укажавме дека нема многу род, ниту приближно колку што планираа откупувачите на околу 26 000 тони. Цената е солидна иако целосно не ги одразува зголемените трошоци за производство, вели Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија.

Откупувачите не смеат да ги затворат вратите зашто законскиот рок за откуп е до крајот на февруари и да се преземе она мало количество што остаало, а се процеува најмногу на 100-тина тони, ако не и помалку.

Од Сојузот сметаат дека веќе полека се насочува вниманието на новата реколта за која договорите ќе почне да се споменуваат ведаш по откупот. Апелираат до откупните претпријатија да седнат заедно да се разговара за повисоки цени кои треба да го направат исплатливо производството и да се задржи на нивите.

-Возрасната граница на производителите е висока, а младите не се многу заинтересираи за тутунопроизводството. За да не се намалува родот континуирано мора да биде исплатлива работата. Затоа апелираме со откупувачите да седнеме и да се зголемат цените, за онолку колку што се движат инфлацијата и трошоците за производство, вели Стомароски.

Злате Данески, претседател на прилепското тутунско здружение „Мице Козар“ објасува дека тутунот ќе го има на нивите, но прашање е во колкави количества и на колкави површини.

-Тутунот мора да се произведува. Што друго да правиме во селските средини, ако не работиме и произведуваме.Тоа е традиционална култура, главна во овој Прилепско-Пелагонски регион. Затоа исплатливоста за производство е клучна, вели Данески.

Од државиот земјоделски инспекторат потврдуваат дека ова беше одлична година за реколтата и платена.

-Откупот поминува без никакви проблеми, ниту оспорувања. Се постигна одлична цена од 288,1 денари, а тоа ќе донесе и повисоки субвенции. Реколтата ќе биде околу 21 000 тони. Откупувачите ќе имаат отворени пунктови до крајот на законскиот рок за откуп, крајот на февруари, потврдува Јане Станкоски, директор на државниот земјоделски инспекторат.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:откуптутун
Претходен напис Одгледување на аронија – бобинка полна со здравје
Следен напис Тутунарите ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка до 10.000 евра по корисник
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?