Со најавениот нов модел на субвенционирање ќе има измени и во мерките преку новата рурална програма. Тутунопроизводителите ќе можат да аплицираат за новата мерка за бизнис план, која ќе стартува од оваа година.
Од тутунот годишно државата остварува околу 140 милиони евра девизен прилив и како сектор вработува над 20 илјади семејства.
-Субвенциите не се единствениот начин на поддршка, туку и другите мерки на министерството. Минатата година за прв пат се доделени договори на 29 корисници за набавка на модерна опрема за тутун, преку Програмата за рурален развој, Подмерка 121.7 „Набавка на опрема за производство на тутун“, со финасиска поддршка по корисник која изнесува 4.5 милиони денари. Ова е уште еден податок за нашиот сериозен пристап кон производството на тутун – потенцираат од МЗШВ.
Со новата рурална програма, велат, имаме нови можности за тутунопроизводителите кои ќе можат да аплицираат за новата мерка за бизнис план, која ќе стартува од 2023 година. Со оваа мерка предвидена е финансиска поддршка до 10.000 евра по корисник. Тутунопроизводителите имаат доволно време да направат бизнис план и со поддршка на државата да набават нови машини за садење и нижење на тутунот, како и нови сушари или друга опрема која ќе им го олесни производството.
Производството и трговијата на тутун и тутунски производи има големо економско и социјално значење со учество од 3,8 отсто во бруто домашниот производ, велат од МЗШВ. Тутунот е застапен со високи 80 проценти од вкупната површината под индустриски култури и претставува еден од најзначајните извезувани земјоделски производи со 18 отсто учество во домашниот извоз.
Последната реколтат тутутун е речиси откупена, а до крајниот законски рок има уште месец и половина. Досега се преземеи 98 насто од ланскиот род по просечна цена од 288,1 денари, велат од Сојузот на земјоделските здруженија, нагласувајќи дека ваков брз откуп и побарувачка од 10 откупни компании не се памети.

Dali zaemot ke se vraka na godisno nivo,ili kebide za tri do cetiei godini.