Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦКП: Влијанието на земјоделските активности врз животната средина и климатските промени не смее да се занемарува
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦКП: Влијанието на земјоделските активности врз животната средина и климатските промени не смее да се занемарува
Агровести

ЦКП: Влијанието на земјоделските активности врз животната средина и климатските промени не смее да се занемарува

Објавено 27/12/2022
Сподели
10 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделците во нашата држава не се доволно информирани за влијанијата од нивните активности врз климатските промени и деградацијата на животната средина која ја предизвикуваат. Од суштествено значење и особено потребна е едукација на земјоделците со што ќе се зголеми нивната информираност, како и нивната одговорност кон намалување на влијанијата во насока на поголема заштита на животната средина.

Претседателката на Центарот за климатски промени Бојана Станојевска Пецуровска, осврнувајќи се на оваа проблематика, во изјави за МИА нагласи дека земјоделците кај нас користат застарени технологии и методи, многу ретко ја практикуваат добрата земјоделска пракса, а голем дел од нив не се ни свесни за тој кодекс кој е задолжителен за оние кои користат субвенции од страна на државата.

– Многу мал дел од земјоделците во Северна Македонија прифаќаат нови методи и практики за поефикасно и одржливо земјоделско производство и многу мал број земјоделци користат автоматизирано производство со помош на современа механизација. Исто така, мал е бројот на оние кои практикуваат земјоделско производство без хемиски средства и вештачки ѓубрива за одржување на родот и зголемување на приносот. Поради тоа, неопходно е активно да се промовираат достапните финансиски механизми кои се овозможени од страна на надлежните институции со цел нивна поголема и соодветна искористеност, истакна Станојевска Пецуровска за МИА.

Природните услови во земјава овозможуваат одгледување на повеќето континентални и медитерански култури како и разни сточарски производи. Благодарение на тоа на површините што се обработуваат и на пасиштата отпаѓа околу половина од територијата на државата, додека шумите покриваат 37 проценти. Пченицата е едногодишна култура која најмногу се одгледува, а на помали површини се застапени јачменот, пченката и разновидниот зеленчук. Лозата е главна повеќегодишна култура и покрива речиси 25.000 хектари, а виното, по тутунот, е вториот најважен извозен производ. Иако површините засадени со овошни и јаткасти култури се помали, истите имаат потенцијал во иднина да се зголемат.

– Земјоделството е значајна гранка во економијата на државата и придонесува значајно во бруто домашниот производ. Земјоделскиот сектор, вклучително и вредноста, додадена со преработка на земјоделските производи, учествуваат со 16 проценти во БДП на земјата и обезбедуваат вработување за 36 отсто од работната сила. Истовремено, имајќи предвид дека 42 проценти од населението во земјата живее во рурални области, каде можностите за вработување надвор од фармите се доста ограничени, лесно може да се заклучи дека земјоделскиот сектор е од суштинска важност за благосостојбата на околу половина од населението во земјата, истакна претседателката на ЦКП.

Таа, наведувајќи дел од заклучоците од проектот „Обезбедување на услуги со управување на природни ресурси – Re-source“, кој е имплементиран од Центар за климатски промени, а поддржан од Интерег балканско медитеранската програма на Европска Унија, потенцираше дека важно е да се напомене дека земјоделските активности имаат значајно влијание врз квалитетот на животната средина и тоа главно на водата и почвата поради пестицидите, хербицидите и вештачките ѓубрива кои се користат за зголемување на приносот и одржување на родот на одредени култури.

– Но, освен на квалитетот на водата и почвата, земјоделските активности влијаат и на квалитетот на амбиенталниот воздух, особено поради палење на стрништата, но и во одредена мера поради користење на земјоделска механизација и опрема која работи на фосилни горива, како мазут, нафта и сл., посочи Станојевска Пецуровска.

Претседателката на ЦКП наведе дека земјоделството како сектор влијае врз климатските промени, но истовремено е и под влијание на климатските промени.

– Слична е и состојбата на ниво на ЕУ, која се стреми да ги намали емисиите на стакленички гасови од земјоделството и да го прилагоди својот систем за производство на храна за да се справи со климатските промени. Но, климатските промени се само еден од многуте притисоци врз земјоделството, рече таа.

Соочени со зголемената глобална побарувачка и конкуренција за ресурси, производството и потрошувачката на храна во ЕУ, како што нагласи претседателката на ЦКП, треба да се гледа во поширок контекст, поврзувајќи ги земјоделството, енергијата и безбедноста на храната.

– И не само во поширок контекст, туку да се земе предвид и целиот синџир од производство на храната, нејзино складирање, преработка, пакување, транспорт, подготовка но и нејзино послужување и на крај одложување на остатоците и евентуалниот отпад од пакување. Во секоја фаза, обезбедувањето храна ослободува стакленички гасови во атмосферата. Земјоделството особено ослободува значителни количини на јаглерод диоксид, диазот оксид, но и значителни количества на метан. Метанот се произведува од добитокот поради ентерична ферментација. Исто така, се ослободува и од складираното ѓубриво и органскиот отпад на депониите. Емисиите на диазот оксид се резултат на органски и минерални азотни ѓубрива. Согласно последниот инвентар на стакленички гасови поголемиот дел од емисиите на метан се предизвикуваат од ентерична ферментација, приближно 80-70 проценти, додека управувањето со ѓубриво придонесува со само 18-28 отсто од вкупните емисии на метан, образложи Станојевска Пецуровска.

Таа потенцираше дека со оглед на централната важност на храната во нашите животи, натамошното намалување на емисиите на стакленички гасови од земјоделството останува голем предизвик.

– Намалувањето на стакленичките гасови може да се постигне со подобрата интеграција на иновативните техники во методите на производство, користење на помалку вештачки ѓубрива, поефикасна употреба на ѓубрива и поголема ефикасност во производството на месо и млечни производи, т.е. намалување на емисиите по единица произведена храна. Покрај таквите придобивки во ефикасноста, промените на страната на потрошувачката може да помогнат за дополнително намалување на емисиите на стакленички гасови поврзани со храната, нагласи претседателката на ЦКП.

Таа наведе дека генерално, месото и млечните производи имаат најголем глобален отпечаток на јаглерод, суровини и вода по килограм од која било храна, нагласувајќи дека во однос на емисиите на стакленички гасови, производството на добиток и сточна храна генерира повеќе од три милијарди тони јаглерод диоксид, додека транспортот и преработката по фарми се само мал дел од емисиите поврзани со храната.

– Со намалување на отпадот од храна и нашата потрошувачка на прехранбени производи, можеме да придонесеме за намалување на емисиите на стакленички гасови во земјоделството, заклучи Станојевска Пецуровска.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски, зборувајќи за контролите за вкрстена сообразност, кои од 2013 година па навака ги извршува Агенцијата, за МИА посочи дека од досегашното нивно искуство, може да се констатира дека поголемиот дел од барателите ги почитуваат правилата и ги почитуваат одредбите од правилникот за вкрстената сообразност, иако, како што рече, може да се каже слободно дека најголемиот проблем е недоволната информираност на земјоделците за овие правила кои што треба да ги почитуваат.

Вкрстена сообразност ги поврзува плаќањето во земјоделството со почитувањето на барањата за животна средина и други барања кои се поставени на национално ниво и на ниво на ЕУ од страна на земјоделците. Значењето на вкрстената сообразност е дека добивањето на помош зависи од тоа дали земјоделецот ги исполнува сите законски барања кои се однесуваат на неговиот бизнис.

– Сепак низ годините навака процентот на земјоделци како што е констатирано непочитување на овие одредби се повеќе се намалува, а со тоа се намалува и обврската на агенцијата за поддршка и развој на земјоделството за да извршат едукативни активности кај земјоделците. Сепак во идниот период каде што и Европската Унија, меѓутоа и нашата држава става поголем фокус врз почитувањето на животната средина и проблемите кои што настануваат поради климатските промени, потребен е поголем фронт и поголема вклученост на сите институции пред се во едукативна смисла кај земјоделците за да знаат кои се одредби треба да ги почитуваат, порача Бачовски.

Тој најави дека во 2023 година ќе биде активен и правилникот за намалување на директните плаќања поради непочитување на вкрстената сообразност.

– Намалувањето на директните плаќања, односно на финансиската поддршка која што ја дава Агенцијата за финансиска поддршка ќе зависи од обемот, сериозноста и повторувањето на непочитувањето кај земјоделците, меѓутоа пред да се направат сите овие работи секако ние како институција, сите релевантни институции, научни институции, меѓутоа и Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството активно ќе работиме на едукација на земјоделците за почитување на правилата од вкрстената сообразност, заклучи Бачовски.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:земјоделските активностиклиматските промениЦКП
Претходен напис Општина Лозово доби десет контејнери за органски отпад од земјоделството
Следен напис „Вински пат во Европа“ – проект на средношколци од Кавадарци, Србија и Словенија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?