Во рамки на проектот поддржан од УНДП МК – „Од Отпад, до Храна (Органскиот отпад во зелената економија)” за потребите на ЈПКД „Лозово“, односно на жителите, Општина Лозово во соработка со Министерството за финансии обезбеди десет нови контејнери за смет. Воедно со претходно обезбедените десет, сега тие располагаат со вкупно 20 контејнери за смет од органски отпад од земјоделството, а кои ќе бидат поставени во сите населените места во Општина Лозово, информира градоначалникот Бошко Цветковски.

Тој појасни дека од УНДП МК неделава веќе извршија дистрибуција на новите 10 контејнери.
Градоначалникот Цветковски потенцира дека овој проект има огромно значење, бидејќи ќе придонесе за почиста животна средина,како и за зголемување на приходите на ЈПКД „Лозово“ и подобар квалитет на живот на сите жители.
-Продолжуваме и понатаму со активности за подигнување на националната свест поврзана со селекцијата на органскиот смет од земјоделството и предностите за жителите на општината од експлоатацијата и рециклирањето на овој тип на отпад, потенцира Цветковски.
