Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Летниковец на планината Кожуф во рамките на проект за заштита на биодиверзитет
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Летниковец на планината Кожуф во рамките на проект за заштита на биодиверзитет
Шумарство и водостопанство

Летниковец на планината Кожуф во рамките на проект за заштита на биодиверзитет

Објавено 21/12/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Регионалното еколошко друштво „Екоживот“, изгради летниковец на планината Кожуф, во месноста Топликот, во атарот на селото Мајден, информираше денеска Александра Бојкова-Паризова, координатор на проектот „Континуиран мониторинг на биодиверзитетот во општина Кавадарци, со акцент на видовите од националната црвена листа”.

– Всушност, станува збор за проект помеѓу општината Кавадарци и Здружението за заштита и унапредување на животната средина „Екоживот“, за мониторинг за идентификација на видовите од националната црвена листа. Поблиско таргетирање на постоењето на видовите од националната црвена листа и нивно евидентирање, заради нивна полесна заштита од страна на овластени институции. Од страна на проектниот тим беа извршени теренски посети и мониторинг на биодиверзитетот на еко-живеалиштата и биосистемот на Кожуф Планина. Се обезбедија ретки видеа на кои се гледа богатата фауна и разновидната флора, како и однесувањето на дивите животни затекнати во ова подрачје. Имаме и посебна интернет-страница каде што можат да се видат богатствата на регионот, нагласи Бојкова-Паризова за МИА.

Таа појасни дека се работи за Поткожувјето, во близина на селото Мајден, Михајлово, атарот на селата Рожден, Конопиште, Козјак планина и други месности.

Бојкова-Паризова додаде дека летниковецот е токму на границата со планината Козјак и служи за одмор и релаксација на љубителите на природата, како и за непосредно доживување на богатиот биодиверзитет.

Може да ви се допадне

Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“: Предизвикал штета од над 2 милиони денари
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Таг:кожуф
Претходен напис По целосното пуштање на експресниот пат Штип-Кочани, ќе се рехабилитира и регионалниот пат
Следен напис Трка за тутун: Најмногу се откупува во прва класа, со субвенциите тоа се 380 денари за килограм тутун
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?