Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бочварски очекува автопатите Петровец – Катланово и Кичево – Охрид да се завршат идната година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бочварски очекува автопатите Петровец – Катланово и Кичево – Охрид да се завршат идната година
Агровести

Бочварски очекува автопатите Петровец – Катланово и Кичево – Охрид да се завршат идната година

Објавено 16/12/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски очекува делницата Петровец – Катланово да биде завршена наредната година, а автопатот Кичево – Охрид да се заврши во предвидениот рок до 31 декември идната година. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата, Бочварски образложи зошто се пролонгира рокот за изградба на автопатот Петровец – Катланово, посочувајќи дека изведувачот не го дал посакуваниот прогрес и поради тоа договорот бил раскинат. Бочварски информира дека новата јавна набавка е завршена, избран е изведувач и истиот е воведен во работа.
– Деновиве започнуваат мерењата на терен, да се направат дополнителни мерења од страна на новиот изведувач и секако од почетокот на наредната година очекуваме и градежни работи согласно временските услови. Нашите очекувања се дека оваа делница мора да биде завршена наредната година бидејќи тоа го должиме на граѓаните, но некогаш постојат и вакви околности и услови кога изведувачите не ги почитуваат зададените рокови и тогаш преминуваме кон раскинување на договорот, рече Бочварски.
Во однос на автопатот Кичево – Охрид, министерот посочи дека го прават притисокот истиот да се заврши во предвидениот рок – 31 декември 2023 година.
– Имаме тим од сите ресори од Министерството, Јавното претпријатие за државни патишта, Агенцијата за имотно-правни односи, Правобранителство, Агенцијата за катастар на недвижности и други кои имаат удел во оваа постапка и работат секојдневно на решавање на сите процедури и потешкотии кои се јавија на терен, но прогресот се одвива сега добро, работите течат и нашиот рок што сме го задале за реализација на овој автопат е непроменет, нагласи Бочварски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:кичевоохрид
Претходен напис Одгледување и складирање на тиква – Како знаеме дека тиквата е зрела за берба?
Следен напис Дали пластиката и најлонот навистина ги штитат растенијата од смрзнување?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?