Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Состојба во пчеларникот во месеците декември, јануари, февруари и март
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Состојба во пчеларникот во месеците декември, јануари, февруари и март
Совети

Состојба во пчеларникот во месеците декември, јануари, февруари и март

Објавено 14/12/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Декември како и обично има доста ниски температури, врнежи од снег или дожд и практично пчелите влегуваат во зимска хибернација. Тоа е период каде најбитно е да се обезбеди мир на пчеларникот бидејќи од било каков потрес пчелите паднат од клубето тие поради ниската температура не можат да се вратат во клубето и умираат од студот. Во овој период ако пчелите ја потрошат храната над клубето, поради студот не можат да се движат и да стигнат до останатата храна може да се случи и покрај резервната храна која ја имаат да изумрат од глад. Затоа кога времето го дозволува тоа треба да се провери дали имаат пристап до доволно храна, во случај да немаат, на пчелите да им се става погача над клубето, исто така да се провери вентилацијата во кошницата и ако има некои пропусти да се санираат.

Со правилното зазимување на пчелите на есен, во декември и немаме некоја работа на пчеларникот но сепак треба да се вршат проверки и тоа дали на леталата има мраз, снег или мртви пчели и леталото треба да се исчисти за пчелите слободно да можат да излегуваат и влегуваат кога е убаво времето.

Во овој месец може да ги преместуваме кошниците на кратки растојанија меѓутоа многу внимателно за да не предизвикаме потрес и пчелите да не паднат од клубето. Треба да се напомене дека за преместување на кратки растојанија треба пчелите да не излегувале барем 25 дена.

Одвреме навреме треба да се проверат пчелните друштва дали добро зимуваат. Тоа можеме да го направиме преку звукот кој доаѓа од внатрешноста на кошницата. Ако зуењето е рамномерно и многу тивко тогаш со пчелното семејство се е во ред, додека ако зуењето е јако и се слуша на 1-2 метри од кошницата тогаш пчелите немаат храна или имаат проблем со вентилацијата или во кошницата има несакан гостин (глушец). Значи било кој недостаток да го имаат пчелите мора да се одстрани веднаш.

АПРЗ

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:клубекошниципчелипчелни семејства
Претходен напис Одземено бесправно исечено огревно дрво
Следен напис Која земја од ЕУ произведува најмногу компири?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?