На ден 10.12.2022 година во 15:30 часот на место викано Старо Осој, ШСЕ Дреново, оддел 16, од страна на реонските шумочувари затекнати се лица како бесправно носат дабово огревно дрво со коњи.

Три дена подоцна, на ден 13.12.2022 година во 11:30 часот на мв Старо Осој, во истата Шумско стопанска единица и оддел, од страна на реонските шумочувари затекнати се лица како бесправно носат дабово огревно дрво со коњи. По извршената контрола дрвата се одземени и пренесени во складот на Подружницата Лопушник, а против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од ЈП „Национални шуми“.

.
