Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се очекува остар пад на потрошувачката и увозот на палминото масло во ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се очекува остар пад на потрошувачката и увозот на палминото масло во ЕУ
Агровести

Се очекува остар пад на потрошувачката и увозот на палминото масло во ЕУ

Објавено 13/12/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Потрошувачката на палмино масло во биодизелот и храната во Европската Унија значително ќе се намали во следните 10 години, што ќе доведе до остар пад на увозот, прогнозира Европската комисија.

Од 2019 до минатата година, палминото масло сочинуваше приближно една четвртина од произведениот биодизел, а до 2032 година неговото учество треба да се намали на девет отсто, проценува ЕК во извештајот за земјоделството во периодот од оваа година до 2032 година.

Според директивата на ЕУ за обновливи извори на енергија, горивата на база на палмино масло, за кои се вели дека се поврзани со уништувањето на шумите, ќе бидат постепено укинати до 2030 година. Одлуката предизвика негодување кај двата најголеми светски производители на палмино масло, Малезија и Индонезија.

Уделот на поновите видови биодизел треба да се зголеми на 42 отсто до 2032 година, од 29 отсто во 2019/2021 година. Уделот на биодизелот од отпадни масла и масти треба да се зголеми од 23 на 26 отсто, а учеството на другите нови видови биодизел од шест на 16 отсто.

-Главен двигател на тоа зголемување ќе бидат конкретните цели за мешавина во категоријата нови биогорива и фактот што тие носат двојна вредност при пресметувањето на резултатите за усогласеност со пропишаните цели за мешање – се наведува во извештајот.

Уделот на другите растителни масла, пред се маслото од репка, во производството на биодизел треба да остане релативно стабилно на 50 проценти. Употребата на растителни масла во храната треба да се зголеми за 2,9 отсто до 2032 година во однос на просекот во 2020/2022 година, на 10,6 милиони тони.

Сепак, напорите за намалување на употребата на палминото и соиното масло би требало значително да ја променат сегашната „рамнотежа на силите“.

Така, употребата на палминото масло во храната треба да се намали за 35,7 отсто, а на маслото од соја за 23,5 отсто. Употребата на масло од репка треба да се зголеми за 12,6 отсто, а на сончогледово масло за 27,5 отсто.

Ова приближно ќе го преполови увозот на палмино масло во ЕУ на 3,3 милиони тони до 2032 година.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:палмино масло
Претходен напис Кози можете да одгледувате и од својот дом – Фармата ги изнајмува, ги чува, а „сопствениците“ добиваат производи по желба
Следен напис Како се справувате со дивечот, птиците и глодарите во вашите овоштарници? Во продолжение неколку хумани методи кои ги користеле и нашите предци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?