Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Како се справувате со дивечот, птиците и глодарите во вашите овоштарници? Во продолжение неколку хумани методи кои ги користеле и нашите предци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Како се справувате со дивечот, птиците и глодарите во вашите овоштарници? Во продолжение неколку хумани методи кои ги користеле и нашите предци
Совети

Како се справувате со дивечот, птиците и глодарите во вашите овоштарници? Во продолжение неколку хумани методи кои ги користеле и нашите предци

Објавено 13/12/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заштитата на овошните дрвја од глодари и срни се прави за да се зачуваат кората, гранките и корените со цел да се обезбеди опстанок на садниците. Во продолжение ќе ги наброиме хуманите методи кои не им штетат на животните и на природата.

Од глодарите кои го оштетуваат овошјето ќе ги споменеме зајаците и глувците.

Глувците презимуваат во купишта трева и сено, како и во арското ѓубриво, така што ѓубривото треба да се внесе во земјата со фреза, а тревата што служи како малч околу садниците, доколку е дебел слој, да се отстрани преку зима.

Најдобра заштита од зајаци и срни е да го оградите овоштарникот со плетена жица, но тоа е и голема инвестиција. Следниве мерки за заштита, кои ги применувале и нашите предци може да се применат како помошни мерки против зајаци кои предизвикуваат оштетување со лупење на кората и гризење на гранчињата на овошките:

-свинска маст се загрева во тенџерче, најдобро тоа да биде надвор од куќата и се додава рибјо брашно околу два кг и потоа со таа смеса се премачкува дел од садниците.

-свежо исечените гранки се расфрлаат околу овоштарникот, па зајакот ги гризе нивните пупки и на тој начин не ги допира садниците.

-околу садниците се ставаат стари вреќи од компири, кромид, зелка кои се врзуваат со врвка, а на нивното дно се става малку земја за да можат да стојат исправено и да изгледаат како плашила.

-како најефикасна мерка се покажало поставувањето на заштитната мрежа околу садниците. Со ножици се сечат на ширина од најмалку 30-45 сантиметри за да можат да останат без отстранување неколку години. Потоа се ставаат околу садниците и се хефтаат по должина, со што помало можно растојание помеѓу спојниците. Не е потребно да се прицврстува за стеблото, туку да се хефта по работ за да може стеблото да се одгледува во следните години без мрежата да го задуши, бидејќи тоа може да доведе до сушење на расадот!

Во продолжение еве уште неколку начини на кои земјоделсците се обидувале да ги спречат глодарите, зајците и срните да им го оштетат овоштарникот.

-Човечката коса ги одвраќа срните и елените. Се собира косата и се става во чорапа и се закачува на овошното дрво

-врзување ЦД/ДВД-дискови за гранките на овошките – дискот се врти, блеска и ги плаши дивечот и птиците

-дното на пластичната кеса се откинува и се врзува за стеблото на овошката или по периметарот на овоштарникот

-од пластично шише се прави ветерница која произведува звук што ги плаши животните

-лента од VHS касета за видеорекордери се развлекува низ овоштарникот

Како вие се справувате со дивечот, птиците и глодарите во вашите овоштарници?

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:глодариовоштарник
Претходен напис Се очекува остар пад на потрошувачката и увозот на палминото масло во ЕУ
Следен напис Времето денеска облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?