Сушените цитрусни плодови можат да бидат одличен декор за вашиот внатрешен простор, кои истовремено ќе го освежат просторот со прекрасна миризба.
Mожете да ги поставите на многу места низ вашиот дом почнувајќи од лустерот во трпезаријата или дневната соба, па се до парното и завесите.

Еве како се сушат цитрусите.
На даска за сечење со остар нож се сечат сите овошја на тенки кругчиња. Со помош на салфетка или крпа извадете што е можно повеќе течност од исецканото овошје.
Наредете ги врз хартија за печење, во тава.
Овошките не треба да се допираат едни со други, и така распоредени ставете ги во рерната.
Печете на 100 степени 4-6 часа, и повремено проверувајте ги и превртувајте ги.

Кога ќе ги извадите од рерната, оставете ги врз парното уште неколку часа за овошките комплетно да се исушат.
На средината на овошката направете мало дупче низ кое ќе вметнете конец или коноп, а потоа направете чвор.
Закачете ги низ домот и уживајте во миризбата и амбиенот кои го создаваат.
