Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цените на житарките се враќаат на нивото од пред војната во Украина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Цените на житарките се враќаат на нивото од пред војната во Украина
Пазари

Цените на житарките се враќаат на нивото од пред војната во Украина

Објавено 09/12/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Аналитичарите коментираат дека цените, барем привремено, се ослободени од премии поврзани со геополитички ризици, објави консултантската компанија Агрител, пренесува порталот Agrarheute.

Претходните извештаи укажуваа дека светскиот пазар сега е преплавен со украинска, особено руска пченица, а цената ја намали и најавата за рекордна жетва во Австралија, која ја намали загриженоста околу глобалната понуда.

Според извештаите, цените на пченицата паѓаат на 300 евра за тон, а на берзата во Чикаго достигнаа годишен минимум или ниво пред руско-украинскиот конфликт.

Се чини, сепак, дека приказната е далеку од завршена и дека покрај вообичаените проблеми во зимскиот период, во следните недели се повеќе ќе доаѓаат до израз и геополитичките проблеми, сметаат аналитичарите на консултантската куќа Агрител.

Европската Унија веќе извезла 14,9 милиони тони обична пченица до 4 декември, што е малку повеќе од 14 милиони во претходната кампања. Само Франција извезла 5,89 милиони тони, а Германија продала 1,58 милиони на трети земји. Според објавените податоци, увозот на пченка на ниво на ЕУ изнесува 12,56 милиони тони (од кои 43% се од Украина), што е значително повеќе од лани.

Според анализата на Агрител, Кина останува клучен играч на пазарите по најавеното олеснување на мерките поради ковид 19. Тоа ги зголемува очекувањата дека ќе има зголемена побарувачка за житарки и други земјоделски производи.

Може да ви се допадне

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени
Украина се повлекува од пазарот на сончогледово масло
Шефицата на ММФ предупредува:  Војната на Блискиот Исток води до повисоки цени и побавен раст
„Агро Геа“: МУЛЧЕРИ со кардан по одлични цени!
Понудените цени за новата реколта тутун за производителите се неприфатливи, бараат да се повисоки за околу 20 отсто
Таг:житаркиукраинацени
Претходен напис Уживајте во миризбата – Како да исушите лимон, портокал или друг цитрусен плод
Следен напис Откупот на тутун без проблеми, според динамиката се очекува да заврши до крајот на декември
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?