Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бектеши: До 13 отсто пониски цени на лебот, млекото и месните производи на почетокот на декември
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Бектеши: До 13 отсто пониски цени на лебот, млекото и месните производи на почетокот на декември
Агровест

Бектеши: До 13 отсто пониски цени на лебот, млекото и месните производи на почетокот на декември

Објавено 18/11/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува во почетокот на декември да има намалување на цената на основните прехранбени производи од пет до 12 – 13 отсто. Ако нема толкаво намалување, како што рече денеска по средбата со производителите и со претставниците на најголемите ланци маркети, ќе се донесат новите мерки што произлегуваат од Законот за трговија.

-Тоа што им беше најголем товар на компаниите, се среди. Затоа во континуитет одржуваме состаноци со производителите на основните прехранбени производи. Тие може да ги достават нивните предлози и тоа, по мое барање, треба да се случи наредната недела. Таму каде што ќе има можност, ќе се интервенира од страна на надлежните институции. Но, согласно сите проекции и анализи очекувам такво намалување во речиси секој од производите наведени во Одлуката на Царинската управа. Да, може да се случи да има зголемување на цената на суровини кои се увезени, но секако дека има одредени механизми и за таму да може да се стабилизира и ако тоа е проблемот за да има дополнитело намалување на цените, ние сме подготвени и тоа да го направени, но прво сакаме да видиме дека има волја дека кризата не треба да биде на товар на граѓаните, односно потрошувачите, туку сите да ја распределиме, истакна министерот.

Тој напомена и дека граѓаните може да пријавуваат на дневна основа во Државниот пазарен инспекторат ако забележат дека некаде нема намалување на цените на основните прехранбени производи.

-Веќе почна трендот на намалување на цените на одредени производи, посебно на лебот, млекото, млечните и на некои месни производи. Одреден производител на млеко имаше пред 4-5 дена цена над 80 денари, а денеска цената е 76 и најверопјатно од 1 декември ќе има дополнително намалување. Одредени производители на леб имаат цени над 40 денари, а денеска тие се движат од 36 – 38 денари. И таму очекуваме дополнително намалување. Истото важи и за месните производи. Согласно сите калкулации, ќе има дополнително намалување во наредните денови со оглед дека завршуваат сите постапки во ЕСМ продажба за склучување на договорите со компаниите прозводители на основните прехранбени производи, подвлече министерот.

На средбата производителите, како што рече Бектеши, биле информирани и дека се прават анализи за дополнителни мерки кои би требало да се донесат до крајот на годината.

На денешната средба со претставниците на производителите и на најголемите ланци маркети, како што информира Бектеши, станало збор за новиот закон за заштита на потрошувачите кој е веќе објавен во Службен весник. 

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Претходен напис МЗШВ: Ги продолжуваме преговорите со синдикатите за креирање на нов колективен договор, во законска постапка и во интерес на сите вработени
Следен напис Утврдени лажни фактури во увозот на пелети, надлежните да постапат соодветно
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?