Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) Засадени 1.600 садници на поранешната дива депонија во кумановско Долно Којнаре
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > (ФОТО) Засадени 1.600 садници на поранешната дива депонија во кумановско Долно Којнаре
Рурален Развој

(ФОТО) Засадени 1.600 садници на поранешната дива депонија во кумановско Долно Којнаре

Објавено 16/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Засадени се садници на поранешната дива депонија во кумановско Долно Којнаре, а надлежните планираат нова локација во Куманово со борова шума, место за рекреација и уживање, соопштија денеска од ЈП „Чистота и зеленило“. Локацијата е пространа и месното население, приватен стопанственик, како и екипи на ЈП „Чистота и зеленило“ садеа 1.600 садници.

– Лани беше исчистена голема дива депонија, заедно со месното население поставени беа знаци дека тука не смее да се одлага отпад. Имаше одредени количини на смет кои се фрлаа, но веднаш се изнесуваа од наша страна. Сега насадивме садници, вкупно 1.600 зимзелени. И за наредниот период, во декември ќе насадиме дополнителна количина. Тука е планирана нова борова шума, место кое ќе послужи за рекреација и прошетки меѓутоа од друга страна се намалува и аерозагадување, дел од среднорочните мерки на општината за намалување на загадувањето, изјави директорот на јавното претпријатие Даниел Стојчевски.

ЈП „Чистота и зеленило“ претходно насади садници кај Спомен-костурницата. Ако дозволат временските услови, најави Стојчевски, во декември ќе се садат од две до три илјади зимзелени садници.

Висококвалитетни листопадни садници ќе се садат во централното градско подрачје. Во моментов вакви садници се садат кај „Монопол“ и претставуваат еден вид на заштита од издувните гасови од автопатот Куманово-Табановце.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Таг:Даниел СтојчевскијП „Чистота и зеленилокуманово
Претходен напис Владата ќе ги едуцира граѓаните како да штедат струја
Следен напис Денеска променливо облачно, претпладне со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?