Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) Денови на македонскиот мед – „Засега цената на медот нема да се зголемува, бидејќи ги следиме реалните можности на граѓаните“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ФОТО) Денови на македонскиот мед – „Засега цената на медот нема да се зголемува, бидејќи ги следиме реалните можности на граѓаните“
Агровести

(ФОТО) Денови на македонскиот мед – „Засега цената на медот нема да се зголемува, бидејќи ги следиме реалните можности на граѓаните“

Објавено 22/09/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во центарот на Скопје од денеска 22 септември, до недела, 25 септември, се одржува традиционалната манифестација Денови на македонскиот мед.

На улица „Македонија“ е раздвижено, а на тезгите можат да се забележат купувачи кои освен што купуваат мед и други пчелни производи, разговараат со производителите кои им даваат информации за видот на медот, неговиот квалитет и други информации што ги интересираат.

И екипата на Агротим поразговара со дел од производителите на мед и други пчелни производи. Со оглед на тоа што последниве денови се ширеа гласини дека ќе има поскапување на медот и дека тој може да достигне и цена од 900 денари, разговаравме со пчеларите околу ваквата можност.

„Зголемување на цената сега засега не е планирано, евентуално можеби после Нова година, кога повторно ќе треба да ја разгледаме ситуацијата и да видиме каква ќе биде состојбата“ – ни рече пчеларот Даниел од Радовиш.

„Сега засега цената на медот нема да се зголемува, бидејќи ги следиме реалните можности на граѓаните. Не е пентата да ставиме цена 1000 денари за тегла мед а да ги изгубиме купувачите.“, вели пчеларот Бојан.

Разговаравме со производителите за тоа каков е интересот за купување мед и дали Македонците се народ кој има навика да консумира мед.

„Дел од народот веќе со години е навикнат да консумира мед и да ги користи бенефитите за здравјето. Но за дел од граѓаните и оваа цена не е прифатлива, викаат дека е прескапо, а не се свесни дека медот ќе го платат 600-700 денари, ќе го јадат цел месец и благотворно ќе влијае на нивното здравје, а истите пари ги трошат за 4-5 дена за цигари и не им е скапо.“

Пчеларите не се многу задоволни од оваа година, поради временските услови но сепак велат дека имало и полоши години.

„Оваа не беше баш добра година за пчеларството, поради лошите временски услови, пролетта беше добра, ама во текот на летото многу медоносни растенија не замедија и не извадивме многу мед, ама имало и полоши години.
Кога ќе се погоди една добра година, може да се извадат следните 10 неповолни години, така што сме оптимисти дека ќе дојде наскоро и таква година.“, ни рече Христијан.

Сепак, задоволни се од интересот на граѓаните.

„Има заинтересираност и интерес од страна на купувачите. Јас веќе 18 години доаѓам на оваа манифестација и имам постојани купувачи кои се задоволни од квалитетот на мојот мед.“

Цени на медот и на другите пчелни производи:

ливадски – 600 денари
мед од костен – 700 денари
саќе – 700 денари
перга – 250 денари
полен – 1500 денари
сиров прополис – 600 денари 10 грама
матичен млеч – 1500 денари 10 грама

Манифестацијата се одржува 18. година по ред, во организација на пчеларското здружение „Матица“.

Посетителите имаат можност да дегустираат и да купат различни видови мед и други пчелни производи од македонски пчелари, а можат да добијат и совети како да се препознае квалитетен, вистински мед.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис Укината делумната забрана за движење во шума и шумско земјиште
Следен напис Николовски ги повика пчеларите да ги дефинираат новите правила, новите модели, промените во субвенционирањето, со цел добивање подобра финансиска поддршка за вистинските пчелари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?