Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФИТР со нов јавен повик за младите „Предизвик за млади истражувачи 5 – Зелени проекти”
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > ФИТР со нов јавен повик за младите „Предизвик за млади истражувачи 5 – Зелени проекти”
Јавни огласи и повици

ФИТР со нов јавен повик за младите „Предизвик за млади истражувачи 5 – Зелени проекти”

Објавено 20/09/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фондот за иновации и технолошки развој денеска објави нов јавен повик „Предизвик за млади истражувачи 5 – Зелени проекти” наменет за ученици од целата држава, чија цел е поттикнување на креативното размислување кај младите и поддршка за истражувачки проекти базирани на научен метод.

Повикот е наменет за сите основни и средни училишта, кои можат да аплицираат со истражувачки проекти од областа на природните и техничките науки, организирани во тимови од пет до десет ученици предводени од еден до двајца ментори. Процесот за истражување треба да се основа на „научен метод”, односно да вклучува формулација, тестирање и потврда / модификација на хипотеза по пат на експеримент и набљудување, а резултатите од истражувачкиот проект треба да бидат применливи во зачувување и унапредување на животната средина и биодиверзитетот.

„Преку овој повик, сакаме да потенцираме дека секој ученик има способности да се вклучи во процесот на истражувачки активности. Сметам дека е потребна шанса да им се даде на младите за да се поттикне креативното размислување, нивниот потенцијал кој го поседуваат но и поддршка во развој на иновативни решенија за одредени проблеми со кои се соочуваме. Особено ми е задоволство што ФИТР веќе петти пат по ред го спроведува „Предизвикот за млади истражувачи”, преку кој досега имаме поддржано над 100 училишни проекти и преку 700 ученици и ментори”, изјави Фестим Халили, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

Халили додаде дека очекува како и досега да има голем интерес за повикот, а младите ги охрабри да се пријават и заеднички да креираме успешни проекти кои ќе имаат позитивно влијание врз зачувување и унапредување на животната средина.

Вкупниот фонд за овој предизвик изнесува 3 милиони денари, а наградите ќе бидат поделени во две категории, истражувачки проекти од основни и средни училишта. Максималниот буџет за поединечен предлог проект треба да изнесува до 200.000 денари. За наставниците кои ќе водат ученички тимови, ќе биде обезбедена награда во износ од 30.000 денари, наменети за набавка на дигитална опрема која ќе биде применлива во наставниот процес.

Посебно се охрабруваат проекти кои имаат интердисциплинарен карактер, кои предвидуваат инклузивен пристап во формирањето на тимовите, односно имаат еднаква родова застапеност, вклучуваат деца со различна етничка припадност, деца со посебни потреби, деца од различни возрасти и слично, како и проекти кои се поднесени од училишта од рурални средини.

Активностите предвидени во предлог проектот треба да соодветствуваат на активностите на истражување и развој, односно предлог проектот треба да вклучува активности кои ќе ја тестираат дефинираната хипотеза по пат на експеримент и набљудување.

Секој предлог проект кој ќе пристигне во рамки на јавниот повик ќе се оценува според квалитетот на проектот, применливост на резултатите од истражувањето, усогласеност на предлог проектот со целите на јавниот повик и капацитет на проектниот тим.

Сите млади ентузијасти кои имаат идеја и амбиција, своите предлог проекти треба да ги достават до 02.11.2022 година, до 14.00 часот. Со цел да се поддржат тимовите во процесот на подготовка на предлог проектите, ФИТР ќе организира повеќе инфо сесии. Сите дополнителни информации во врска со повикот можат да се добијат на: https://fitr.mk/предизвик-за-млади-истражувачи-5/

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Јавен повик за прибирање понуди за градежни работи за логистичко-дистрибутивниот центар во Гази Баба, Скопје
Таг:Зелени проектиПредизвик за млади истражувачи 5ФИТР
Претходен напис Николовски на Интерагро 2022: Новите пријателства преку вакви манифестации и саеми ќе ни помогнат заедно, сплотени да ја надминеме оваа криза и да обезбедиме доволно храна за сите
Следен напис Во земјите од Отворен Балкан во тек е тестирањето на ТАГ-единствен електронски систем за патарина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?