Со големо задоволство присуствувам на 20-годишниот јубилеј на еден од најзначајните саеми за земјоделство во регионот, Меѓународниот саем за земјоделство, лов, риболов и екологија, Интерагро во Бјељина, Република Српска.
Оваа година Северна Македонија за прв пат од формирањето на Саемот е земја партнер на Интерагро 2022, што е уште една потврда за пријателските односи помеѓу нашите две земји. На овој јубилеен саем ќе се претстават 13 македонски компании поддржани од МЗШВ, кои ќе бидат во друштво со над 300 излагачи од сите земји во регионот.

На површина од 130 метри квадратни ќе бидат презентирани македонското вино, ајвар, лутеница, но и чоколадна алва и македонски путер од кикирики. Ваквите саеми, освен промоцијата на македонските производи, како главна цел ги имаат и новите бизнис партнерства и можности, меѓународната соработка, но и едукација, размена на искуства и знаења.

Во ова време на светска криза, соработката, взаемната помош, новите пријателства преку вакви манифестации и саеми ќе ни помогнат заедно, сплотени да ја надминеме оваа криза и да обезбедиме доволно храна за сите.


Фејсбук-статус на министерот Љупчо Николовски
