Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ожнеани првите површини со ориз во атарот на кочанското село Тркање
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Ожнеани првите површини со ориз во атарот на кочанското село Тркање
Растително производство

Ожнеани првите површини со ориз во атарот на кочанското село Тркање

Објавено 15/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во атарот на кочанското село Тркање вчера беа ожнеани првите десетина хектари засеани со ориз. Иако официјалната жетвена сезона сè уште не е почната, земјоделците ја прибираат годинашната реколта од оризовите сорти што имаат пократка вегетација.
Зоран Борисов од Здружението на оризопроизводители „Бело злато“ од Кочани истакна дека се жнеат површини што пролетва биле засеани со семиња од турско потекло, кај кои периодот на вегетација, од засејување до созревање на оризовото зрно, е 105 дена, за разлика од италијанските сорти кај кои за жетва ќе се почека уште две до три недели.
– Со оглед на поволните временски услови и навременото пуштање на водата во нивите, вегетацијата на растението беше во оптималниот рок, а според првичните проценки ќе се добијат од 650 до 700 килограми арпа од декар, што е во рамки на просекот. Неминовно ќе биде дополнително потсушување на зрното, но за краток период, со оглед што тоа е во полна зрелост. Нивите на кои се жнееше се во сопственост на млади земјоделци кои се подготвени активно да се занимаваат со оризопроизводство, а ги применуваат современите агротехнички мерки за добивање што подобар принос и квалитет, истакна Борисов.

Жетвената сезона на оризот во Кочанско официјално почнува во првата половина на октомври и во зависност од временските услови трае до крајот на ноември. Годинава, во најголемиот оризопроизводствен регион во државата беа засеани околу 4.000 хектари, од кои се очекува просечен принос од над 26 илјади тони оризова арпа.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:оризтркање
Претходен напис Времето денеска сончево и топло со температура до 35 степени
Следен напис Државата се подготвува за најтешката зима, мерки за повеќе струја дома и апели да се штеди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?