Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Фестивал на храна и вино во Струмица во рамки на Отворен Балкан, во соработка со EXIT
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Фестивал на храна и вино во Струмица во рамки на Отворен Балкан, во соработка со EXIT
Саеми и манифестации

Фестивал на храна и вино во Струмица во рамки на Отворен Балкан, во соработка со EXIT

Објавено 30/08/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата на 7 септември, во рамки на иницијативата Отворен Балкан, ќе организира регионален Фестивал на храна и вино во Струмица. Фестивалот ќе биде продолжение на Саемот на вино, храна и туризам што треба да се одржи од 1 – 4 септември во Белград.

Како што информира владината прес-служба, регионалниот Фестивал на храна и вино во Струмица се реализира во соработка со реномираната организација Егзит, во чија организација е и веќе најавениот музички хепенинг Get EXITed каде покрај богатата музичка програма, ќе биде понудена и специфична и интересна етно-гастрономска програма.

Фестивалот на храна и вино бесплатно ќе биде отворен за сите посетители и ќе се одржи во Градскиот парк во Струмица, а ќе ги понуди најдобрите регионални и локални винарии, регионални изложувачи на храна како и произведувачи на традиционални органски специјалитети од македонската кујна. Присутни ќе бидат најдобрите готвачи од најпознатите струмички ресторани и учениците од Средното кулинарско училиште кои заедно ќе спремаат локални специјалитети.

Планирана е и попладневна програма со концерти кои ќе траат од 18:00 до 21:00 часот. Ќе настапат култниот македонски бенд 21 Век, младата поп дива Дина Јашари world music составот кој од Струмица го освои светот со едноставен трубачки звук, Џамбо Агушеви Оркестар, како и хип хоп ветераните и едни од најистакнатите имиња на македонската музичка сцена DJ Goce S.A.F и DJ Chvare.

На веќе најавениот музички хепенинг Get EXITed пак, ќе настапат едни од најпознатите имиња на регионалната и светската електронска музичка сцена Deborah De Luca и Mahmut Orhan. 

Може да ви се допадне

Во Струмица Саем на социјални иновации – UPSHIFT
Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
ЦУК: Во Струмичкиот регион состојбата е стабилизирана, опаѓа водостојот на реките Струмица и Тркања, со механизација се интервенира на критичните локации
Општина Струмица: До 3 март треба да се дополнат барањата за легализација на бесправно изградени објекти
Фестивал на чај – Три дена во знакот на природата со над 30 учесници
Таг:EXITотворен балканструмицафестивалхрана и вино
Претходен напис Објавен повик за предлог-партнерство со We Effect Europe во Северна Македонија
Следен напис 15 претставници од Македонија на Тера Мадре Салоне дел Густо во Торино
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?