Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ковачевски: Историско зголемување на откупната цена за грозјето од 30 отсто
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Ковачевски: Историско зголемување на откупната цена за грозјето од 30 отсто
Пазари

Ковачевски: Историско зголемување на откупната цена за грозјето од 30 отсто

Објавено 26/08/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски одржаа средба со лозарите и со претставници на винариите. По средбата премиерот Ковачевски на прес-конференцијата истакна дека годинава е постигнат договор за историски најголемо зголемување на откупната цена на грозјето од 30 проценти.

Како што нагласи Ковачевски, земјоделството е приоритет и во време на криза. -„Смедеревката“ ќе се откупува по просечна цена од 13 денари за килограм, а „вранецот“ по 15 денари што е за три денари повеќе споредено со ланските откупни цени. Верувам дека и винариите и лозарите се задоволни од постигната цена и верувам дека договорите ќе бидат испочитувани од двете страни, истакна Ковачвески.

Тој потсети дека прв пат оваа година, на самиот почеток на кризата, Владата реагираше со брзи одлуки.

-Ја донесовме Програмата за Интервентен фонд, со почетен буџет од 400 милиони денари, а со ребалансот на Буџетот, овој Интервентен фонд беше зголемен со дополнителни 500 милиони денари што е вкупно 900 милиони денари за мерки за поддршка на земјоделците во услови на криза, покрај редовните субвенции кои што беа во целост програмирани. Токму во овој Интервентен фонд се обезбедија и мерки за поддршка на лозарите и винариите, за да имаат помали трошоци и одржливо производство, односно 120 милиони денари за поддршка на винариите и дополнителни два денара за килограм откупено грозје за лозарите, рече Ковачевски.

Премиерот дополни дека домашното просечно производство на грозје е стабилизирано на околу 270 илјади тони на годишно ниво, додека просечното годишно производство на вино е околу 100 милиони литри.

-Македонското вино е во светот познато по својот квалитет, а нашата земја важи за еден од лидерите според вредноста на извезеното вино во регионот, односно втор најголем извозник после Грција. Минатата година македонските винарии извезле вино во вредност од над 61 милиони долари, што е зголемување од над 19% во споредба со претходната 2020 година. Паралелно се зголемува и бројот на винарски визби, кој заклучно со август 2022 година е 139, со вкупен капацитет од околу 200 милиони литри. Се овозможи финансиска поддршка до 10.000 евра за малите семејни винарии за набавка на опрема за производство, мерка која предизвика голем интерес кај овие мали семејни винарии. Секоја година се одвојуваат средства за промоција на македонските вина на саемите низ светот, а се подготвуваа и нов закон за вино усогласен со ЕУ, односно и со регулативите на ЕУ и кој придонесува да имаме поквалитетно македонско вино, потенцира премиерот.

Може да ви се допадне

Србија: Министерството бара повисока откупна цена на млекото! По средбата со сточарите, следат нови потези
Каракашев за ТВ24: Потребен е закон за одредување најниска откупна цена
Дождот ја уништи надежта за жетва на оризот во кочанско, во нивите не се влегува
Неколку кражби на грозје, лук и праски од земјоделски имоти годинава во Тиквешкиот регион
Трипуновски: Очекуваме рекордна берба од над 100 милиони килограми винско грозје, веќе откупени 30 милиони до 4 септември
Таг:грозјековаќевскиоткупна цена
Претходен напис Камери во кланиците: Шпанија воведува нова мерка во месната индустрија
Следен напис Николовски: Со сета наша поддршка и коректниот однос на винариите, лозарите добиваат вкупно 18 денари по килограм за смедеревка и 20 денари по килограм за вранец
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?