Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Германски метеоролог предупредува: Се приближуваме до точка каде што треба да признаеме дека времето истече
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Германски метеоролог предупредува: Се приближуваме до точка каде што треба да признаеме дека времето истече
Агровести

Германски метеоролог предупредува: Се приближуваме до точка каде што треба да признаеме дека времето истече

Објавено 18/07/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Германскиот метеоролог и климатолог Моџиб Латиф, пред форумот за климата што се одржува во Берлин, предупреди дека е веќе предоцна да се ограничи глобалното затоплување на најмногу 1,5 степен Целзиусов во споредба со прединдустриските нивоа.

Латиф за германската медиумска групација Баерн изјави дека „со денешните емисии на стакленички гасови, ќе го надминеме ова ниво за нешто помалку од десет години“.

„Ако се земе предвид она што сега го прават политичарите ширум светот, повеќе сме во насока кон три степени“, продолжи Латиф.

„Се приближуваме до точка каде што треба да признаеме: Времето истече“, додаде тој.

„Три степени на глобално затоплување би биле рамни на катастрофа“, нагласи Латиф, посочувајќи дека секогаш се чинело дека има поитни прашања за решавање од заштитата на климата.

Министрите од околу 40 земји ќе разговараат за следните чекори што треба да се преземат во борбата против климатските промени на Петербуршкиот климатски дијалог што се одржува денеска и утре во Берлин.

Домаќини на средбата се Германија и Египет. Предвидено е да се обратат германскиот канцелар Олаф Шолц и египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси. Состанокот е дел од првите дискусии за утврдување на агендата за климатската конференција на ОН COP27, која треба да се одржи во египетскиот крајбрежен град Шарм ел Шеик на почетокот на ноември.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:климатски промени
Претходен напис Ралото е непознат предмет за многумина кои доаѓаат во музејот на виното во Демир Капија
Следен напис Дали ГМО е решение за проблемот? Генетски модифицирани култури на прагот на ЕУ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?