Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јавен повик за комерцијализација на Центар за преработка на храна (FOOD HUB) – Пехчево
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Јавен повик за комерцијализација на Центар за преработка на храна (FOOD HUB) – Пехчево
Јавни огласи и повици

Јавен повик за комерцијализација на Центар за преработка на храна (FOOD HUB) – Пехчево

Објавено 14/07/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, финансиски поддржана од We Effect, во соработка со Програмата ИМЕ, отвори јавен повик за идентификување на оператор заинтересиран за комерцијализација на Центар за преработка на храна (Food Hub) – Пехчево преку партнерство со ЛАГ Малеш-Пијанец.

Во рамки на јавниот повик покрај користењето на Центарот за преработка на храна (FOOD HUB) во Пехчево, избраниот оператор може да добие дополнителна поддршка од Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ.

Поддршката од Програмата ИМЕ може да вклучува кофинансирање на различен вид на активности за поуспешна комерцијализација и модернизација на Центарот, на пример: градење на ланецот на снабдување суровини, воведување нова технологија, нови производи, набавка на специфична опрема, стручна експертска поддршка, воведување на стандарди, маркетинг активности, поврзување со пазарот и нови продажни канали, поврзување со добавувачи со инпути, нови вештини и обуки за вработените и слично, во согласност со потребите на операторот.

Јавен повик за комерцијализација на Центар за преработка на храна (FOOD HUB) – Пехчево

Цел на повикот за комерцијализација на Центарот за преработка на храна е преку воспоставување на партнерство со искусен оператор од бизнис секторот да се започне со континуирано работење на Центарот преку имплементација на успешен и одржлив модел на соработка со малите производители од регионот Малеш-Пијанец. Ваквиот модел на партнерство за комерцијализација на Центарот за преработка на храна ќе овозможи одлични услови за преработка на храна за избраниот оператор и за малите производители од регионот. Покрај финализација и додавање вредност на производите, операторот и локалните мали производители ќе имаат можност за воведување нови производи и технологии, подобрување на квалитетот, маркетингот и препознатливоста на производите од регионот. Преку повикот ќе се воспостави долгорочна соработка помеѓу Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, We Effect, ИМЕ програмата и Операторот, која позитивно ќе влијае врз развојот на Центарот, локалните чинители и целокупниот развој на Малешевско-пијанечкиот Регион. Со реализација на активноста се очекува да се зајакнат организациски капацитети и финансиска одржливост на ЛАГ-от и Мрежата за рурален развој на Северна Македонија.

Со цел подетално запознавање со Центарот за преработка на храна и посета на просторот, на 15.07.2022 ќе биде организиран информативен ден, на кој заинтересираните апликанти ќе може да закажат посета и состанок со претставници од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија и ЛАГ Малеш-Пијанец.

Апликантите своите предлог-решенија треба да ги поднесат електронски, на следната мејл адреса: [email protected]. Крајниот рок за аплицирање на повикот е 22.07.2022 година.

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Јавен повик за прибирање понуди за градежни работи за логистичко-дистрибутивниот центар во Гази Баба, Скопје
Таг:јавен повикпехчево
Претходен напис Закажана првата берба на вселенското грозје – Ќе се берат мерло и каберне совињон
Следен напис Полжавите можат да предизвикаат штети на овошјето и на зеленчукот, ова се неколку механички мерки за заштита од нив
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?