Во тек се два јавни огласи за доделување под закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари за подигнување на долгогодишни насади и за производство на сточна храна. Вкупната површина која со овие два јавни огласи се става на располагање изнесува 3.769 хектари. Рокот за аплицирање истекува на 22 јули, а огласите се достапни на следните линкови.
http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=2688
http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=2689
Целта на Министерство е секоја слободна и обработлива педа земја да биде дадена на земјоделците и ставена во функција за производство на храна. Исто така, МЗШВ разгледува и модел како слободното приватно земјоделско земјиште кое не се обработува да биде ставено во функција за обработка и производство на храна.
