Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Националниот парк „Галичица“ отворена е првата Виа Ферата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Во Националниот парк „Галичица“ отворена е првата Виа Ферата
Шумарство и водостопанство

Во Националниот парк „Галичица“ отворена е првата Виа Ферата

Објавено 11/07/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Националниот парк „Галичица“ денеска ќе биде отворена првата Виа Ферата, односно безбедна патека за алпинистичко искачување на карпа со помагала.

Името на првата Виа Ферата во Националниот парк „Галичица“ е „Доброја“, локален назив за растението питома фоја (Juniperus foedissima), која е особено карактеристична за повисоките делови од Националниот парк. Името, како што појаснуваат од алпинистичкиот клуб Патагонија доаѓа од еден интересен примерок на ова растение, кое посетителите имаат можност да го видат веднаш покрај самата линија на фератата.

Вкупната должина на Фератата изнесува 535 м, од кои 145 м се искачување на вертикални карпи, соодветно опремени со скалила, а останатиот дел, е пешачење по експониран терен, обезбеден со безбедносна сајла, во континуитет по целата должина.

Вертикалните делови се поделени во три сегменти, со должини 40 м, 52 м и 53 м, а меѓу нив има опции за безбедно излегување од фератата и спуштање надолу по лесна пешачка патека.

-Најкомплексен и најтежок сегмент е последниот, после кој фератата продолжува по екпониран планински терен во должина од 210 м, се до нејзиниот крај, од каде по лесна планинарска патека, се спушта до почетната точка и до излетничкото место Корита. Заинтересираните треба да поседуваат летна планинарска опрема, заштита од сонце и доволни количини на храна и течности за тура со времетраење од околу 4 часа – велат од алпинистичкиот клуб.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!
Таг:галичица
Претходен напис (ФОТО) Претседателот Пендаровски ја посети компанијата „Подгорка“
Следен напис Во тек се два јавни огласи за доделување под закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари, рокот за аплицирање е заклучно со 22 јули!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?