Волонтерите на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес и Biovita – Биовита и оваа година реализираа жетва на лавандата на висорамнината Витачево, на плантажата на хуманата невладина активистка Цветанка Колева.

Собраната лаванда Колева веќе трета година ја донира на Zdruzenie Cerebralna.

Од лавандата во работниот центар пакуваме торбички и вршиме екстракција на лавандино етерично масло. Добените производи ги продаваме, а средствата од нивната продажба се за опстанок на социјалните сервисни услуги, живеење со поддршка во мали групни домови за лица со попреченост и центар за социјална инклузија на лица со попреченост.



