Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Човечкото невнимание причина за 95 проценти од пожарите, ризик се и високите температури
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Човечкото невнимание причина за 95 проценти од пожарите, ризик се и високите температури
Агровести

Човечкото невнимание причина за 95 проценти од пожарите, ризик се и високите температури

Објавено 22/06/2022
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пожарите се причина поради која секоја година светот губи шуми, човечки животи, и се соочува со материјални штети. Високите температури секое лето ги навестуваат „беснеењата“ на огнените стихии и го наметнуваат прашањето за подготвеноста на институциите да се соочат со нив. Несомнено пожарите се проблем и за развиените земји, но се особено предизвик за земјите во развој како што е Северна Македонија.

Генералниот заклучок на надлежните е дека сме поподготвени во однос на минатата година за справување со пожарите, но оти уште треба да се работи на недостатоците.

Драги Тарчуловски, државен советник во Центарот за управување со кризи (ЦУК), за МИА појаснува дека оваа година за разлика од минатата имаме на располагање два специјализирани воздухоплови во Дирекцијата за заштита и справување со пожари. Дополнително на располагање се ставени и хеликоптери на Армијата на Република Северна Македонија кои се специјализирани за гасење пожари, а како што вели Тарчуловски, првпат оваа година за разлика од минатото оспособен е и еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи за гасење пожари на отворен простор.

Сепак, оценува дека кога би се повториле пожарите од минатата година, несомнено би ни била потребна помош од другите земји.

– Би бил среќен кога би рекол дека нема да имаме потреба од помош никогаш. Но, тоа едноставно не е можно. Еве и најбогатите држави се потпираат на помош, па и Европската Унија минатата година направи заеднички сили, пред сè за медитеранските држави. Во однос на минатата година сигурно поуспешно кога станува збор за гасење од воздух. Но, мора да бидеме секогаш свесни дека гасењето од воздух само треба да биде помош. Основното гасење на пожарите на отворен простор треба да биде од земја. Тука доаѓа до израз подготвеноста на Национални шуми и подготвеноста на територијалните противпожарни единици во целата земја, како и силите за заштита и спасување на општините и на државата, вели Тарчуловски.

Порачува дека мора посистематски да се работи на тоа и да се направи зголемен број  доброволни противпожарни друштва коишто би можеле да бидат повикани за справување со пожари на отворен простор.

Тој е дециден дека организацијата треба да е преку доброволните противпожарни друштва, доброволниот противпожарен сојуз за формирање доброволни единици коишто би можеле да бидат во делот на справување, правилно управување со шумите и зачестени контроли.

– Јавното претпријатие Национални шуми би требало да врши повеќе сеча во исто време со правење просеки во шумите да не се шири од еден рид на друг рид, туку да остане во рамките на едно подрачје. Такви просеки подолг временски период не се правени. Тоа е една силна превентивна мерка што мораме да ја направиме. Понатаму контролата од припадниците на Министерството за внатрешни работи, од шумската полиција, бидејќи човечкиот фактор е најчест причинител за пожарите, така што треба и зголемени контроли. Но, потребна е и совеста на граѓаните. Најголемиот број граѓани се совесни и свесни за опасноста од пожари, меѓутоа секогаш има некој помал процент на луѓе коишто свесно или несвесно, намерно или ненамерно се причинители на пожарите, од догорчиња, од правење скара, од намерно палење на пасиштето за да никне нова трева, а всушност пожарот бега од контрола, па влегува во шумите и друго, изјави Тарчуловски.

Само едно невнимателно фрлено догорче, предупредува, може да ни одземе многу.

– Едно догорче би можело да ни земе и многу шума, објекти, дури и човечки жртви. Значи, внимателноста ни е пред сè, подвлекува Тарчуловски.

Звонко Томески, кој со години е дел од скопската Бригада за противпожарна заштита, во изјава за МИА истакнува дека е потребно да се работи на зголемување на бројот на противпожарни возила во единицата.

– Она што е неопходно е подобрување на бројната состојба во единицата и обезбедување соодветна опрема за пожари на отворен простор, возила за интервенции ни фалат, на нас е она што го имаме да го користиме најдобро што знаеме, појаснува Томески.

Како што информира, 95 проценти од пожарите настануваат од човечко невнимание, а карактеристично е што пожарите се најчесто на непристапен терен, со што интервенцијата е отежната.

Од Министерството за внатрешни работи укажуваат дека по настапувањето на последните, значително повисоки температури и најавите дека во наредните денови тие уште повеќе ќе се зголемат, во голема мерка се зголемија и потенцијалните опасности за избувнување пожари.

Повикаа на внимателност при движење во поле и низ шумите, и да не се палат отпадоци, меѓи и стрништа на нивите и да не се фрлаат неизгаснати догорчиња. Покрај ова, на оние кои ќе престојуваат на излетничките места, им се укажува да се воздржат од палење огнови, кои брзо можат да пламнат и да се прошират наоколу, а со тоа да предизвикаат и материјални и други последици од несогледливи размери. Исто така, на отворен простор да не се оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да причинат пожар.

МВР  потсетува на ригорозните законски санкции со кои можат да се соочат граѓаните, како можни затворски казни од шест месеци до осум години, зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.

Штетите од пожарите што ја зафтија државава минатата година, од кои неколку беа од поголеми размери се проценети на 38,5 милиони евра.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:невниманиепожарите
Претходен напис Времето денеска ќе биде сончево и топло до 38 степени, попладне дожд, грмежи и ветер
Следен напис Десет тимови од државава ќе развиваат идеи за заштита на земјата од климатските промени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?