Страшно невреме попладнево направи големи штети на земјоделските култури во селата Трап и Будаково – Битолско!
Земјоделците со жалење констатираа дека градот им уништил се, за нив жетвата е завршена.
-150 хектари житарици се уништени…тешко нас на земјоделците, коментира Митат Исмиловски од село Будаково.
Во продолжение фотографии кои тој ги сподели на социјалната мрежа Фејсбук.







