Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Информирање на јавноста со цел предупредување на правните и физички лица кои сакаат да се стекнат со закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Информирање на јавноста со цел предупредување на правните и физички лица кои сакаат да се стекнат со закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост
Агровест

Информирање на јавноста со цел предупредување на правните и физички лица кои сакаат да се стекнат со закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

Објавено 02/06/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ова информирање на јавноста има за цел да ги предупреди правните и физичките лица кои сакаат да се стекнат со закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост да не подлегнуваат на понуди од лица кои нудат земјоделско земјиште во државна сопственост на брз начин и без спроведување на постапки пропишани со законот за земјоделското земјиште, туку за сите информации да се обратат до надлежната организациона единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство-Секторот за управување, располагање и продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, која ќе им ги даде сите потребни информации за законските постапки за добивање на земјоделско земјиште во државна сопственост во закуп или пак да ја користат веб страницата на Министерството каде се објавуваат сите јавни огласи и јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста и земјоделските стопанства дека во изминатите месеци се забележани случаи на организирана и свесна измама на штета  на правни и физички лица кои сакаат да се стекнат со право на закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

Измамата се врши преку фалсификување на потписите на министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство кои биле на функција во овој период, а  кои согласно законот за земјоделско земјиште се eдинствено надлежни за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

Освен потписите на министрите, фалсификувана е и содржината на договорите за закуп, а истите не се архивирани во архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Ваквите инкриминирачки дејствија се пријавени во надлежните институции за откривање и гонење на сторители на кривични дела и очекуваме во најбрз можен рок да се откријат сторителите и да се покренат соодветни кривичноправни постапки.

Може да ви се допадне

„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
МЗШВ: Известување за претпазливост
Петто издание на винскиот фестивал во Охрид
Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола
Таг:закуп на земјоделско земјиштеинформацијапредупредување
Претходен напис МЗШВ објави четири нови јавни огласи за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари
Следен напис Времето денеска ќе биде сончево и топло со температури до 35 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?