Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Светската криза за храна, ги „запали“ тракторите и ги извади на нива и најголемите песимисти кога е земјоделското производство во прашање
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Светската криза за храна, ги „запали“ тракторите и ги извади на нива и најголемите песимисти кога е земјоделското производство во прашање
Агровести

Светската криза за храна, ги „запали“ тракторите и ги извади на нива и најголемите песимисти кога е земјоделското производство во прашање

Објавено 10/05/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Светската криза за храна која е сè поевидентна поради војната во Украина и пандемијата ги „запали“ тракторите и ги извади на нива и најголемите песимисти кога е земјоделското производство во прашање.

Годинава, како никогаш досега се покажа важноста на домашното производството на храна за државата која реагираше навреме и со мерки кои ги бараат земјоделците како услов за да ги изораат и насеат нивите. Поддршката преку интеревентниот фонд во субвенции за вештачко ѓубриво, дополнителните субвенции, мерките од Програмата за Рурален развој, огласите за земја, форсирањето на Договорното производство на сончоглед и инвестициите во наводнувањето, вродија со плод.

Интересот на земјоделските производители се зголеми, а со тоа и пријавувањето за субвенции и аплицирањето за актуелните мерки.

Митко Керов – Раководител на ПЕ на МЗШВ Кавадарци

– Во овој период во Подрачната единица на МЗШВ во Кавадарци е динамично, се пријавуваат за нови субвенции, се запишувата во ЕРЗС млади земјоделци, се аплцира за „Рурална жена“, а најмногу интерес има за аплицирање за трактори. Иако има зголемен обем на работа, тука сме да им помогнеме се што е потребно на земјоделците за да ја искористат помошта која им ја дава државата – изјави за Агротим, Митко Керов – раководител на ПЕ на МЗШВ во Кавадарци.

Слична е ситуацијата и во другите региони во државата каде интересот на земјоделците зависи од видот на културата или мерката.

Од Битолската подрачна единица не информаа дека таму интересот е најголем околу повикот за државна земјоделска земја до 3 ха кој заврши денеска.

Методија Илиевски – Раководител на ПЕ на МЗШВ Битола

-Исто така огромен интерес има за мерката за набавка на трактори, а се интензивира и пријавувањето за новите субвенции за 2022 година. Нашата подрачна единица е голема, опфаќа 5000 апликанти но ние сме подготвени да им излеземе во пресрет на сите заинтересирани. Особено сме внимателни и помагаме на новите земјоделски производители кои за прв пат почнуваат да се занимаваат со земјоделско производство – вели Методија Илиевски, раководител на ПЕ на МЗШВ во Битола.

Од Подрачната единица на МЗШВ во Прилеп каде што има најмногу евидентирани стопанства во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, велат дека во денот обработуваат по 50 барања.

-Најмногу интерес има за повикот за земја до 3 ха кој денеска заврши, а во тек е воведувањето во владение на рекордни 232 договори од претходниот повик. Ние сме најголема подрачна единица на министерството и обемот на работа ни е голем, но успешно одговараме на предизвикот да бидеме во функција на земјоделските производители – изјави за Агротим, Зоран Пачешкоски, раководител на ПЕ Прилеп.

Зоран Пачешкоски – Раководител на ПЕ на МЗШВ Прилеп

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски го потврдува овој тренд во македонскиот аграр.

Да, имаме такви охрабрувачки информации, а зголемениот интерес го гледам и лично на терен и во постојаната комуникација со сите кои сакаат да се занимаваат со земјоделско производство. Ме прашуваат, се информираат за висина на субвенции, за мерки од Програмата за Рурален развој и другите поволности што ги нудиме како Влада. Посебен интерес има за повикот за трактори и за „Рурална жена“. Тука исто така го издвојувам Интервентниот фонд кој го создадовме со една цел, да ги мотивираме земјоделците и да ја потенцираме важноста на земјоделското производство но и да регрутираме нови производители. Акцијата што ја направивме со Договорното производство на сончоглед ни покажа дека тоа е моделот по кој треба да работиме. Да ги ставиме во систем сите чинители во процесот, производители, откупувачи и институции со заедничка цел – зголемено домашно производство на стратешките производи, важни за сите граѓани – изјави за Агротим Николовски.

Да потсетиме дека аплицирањето за земјоделските субвенции за 2022 година е во тек и трае до 31 мај, а сите други актуелни мерки се до 20 мај. Земјоделците нека побрзаат со документите и нека продолжи позитивниот тренд во македонскиот аграр.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:меркиземјоделстворурален развојсубвенции
Претходен напис ФИТР: 6 милиони евра за кофинансирани грантови наменети за микро, мали и средни компании за технолошки развој за забрзан економски раст
Следен напис Денеска ќе биде сончево и топло, попладне со можност за краткотрен пороен дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?