Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФИТР: 6 милиони евра за кофинансирани грантови наменети за микро, мали и средни компании за технолошки развој за забрзан економски раст
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ФИТР: 6 милиони евра за кофинансирани грантови наменети за микро, мали и средни компании за технолошки развој за забрзан економски раст
АгровестиФондови

ФИТР: 6 милиони евра за кофинансирани грантови наменети за микро, мали и средни компании за технолошки развој за забрзан економски раст

Објавено 10/05/2022
Сподели
10 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фондот за иновации и технолошки развој објави Јавен конкурс за поднесување на предлог-проекти за финансирање под Инструментот за поддршка Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст.

Целта на овој инструмент е да се обезбеди финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи („ПЗУ“) за забрзан економски раст со цел надминување на последиците од економската криза предизвикана од КОВИД-19, остварување на забрзан раст, зголемување на конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандемиски и климатски кризи преку воведување на нови, иновативни, напредни, ‘зелени’ и дигитални технологии за нивна трансформација.

Поддршката е наменета за претпријатијата и ПЗУ (приватни здравствени установи) кои имаат јасно идентификувана  потреба од нови технологии која ќе има значително и мерливо позитивно влијание во еден или повеќе од следните аспекти од нивното работење: зголемена продуктивност и ефикасност, намалување на трошоци и употреба на ресурси, намалување на негативното влијание врз животната средина, подобар квалитет и нови карактеристики на производите и услугите кои ги нудат на пазарот, за развивање на нови канали за продажба, влез или експанзија на нови пазари или за градење на постабилна и поодржлива мрежа на добавувачи. 

ИЗНОС НА КОФИНАНСИРАЊЕ ОД ФИТР

Овој грант е кофинансиран, односно во вкупниот буџет на проектот учествуваат и апликантот и ФИТР.

Износите на кофинансирање од ФИТР се:

  • до 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет на проектот но не повеќе од  2.500.000,00 (два милиони и петстотини илјади) денари за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е до 10 (десет) вработени и чиј годишен приход во последните две години е помал од 50.000,00 (педесет илјади) евра.
  • до 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет на проектот но не повеќе од но не повеќе од 5.000.000,00 (пет милиони) денари, за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е од 10 до 50 вработени и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 50.000,00 (педесет илјади) евра, а помал од 2.000.000,00 (два милиони) евра, финансирање до 70% од вкупниот буџет на проект.
  • до 60% (шеесет проценти) од вкупниот буџет на проект но не повеќе од 10.000.000,00 (десет милиони) денари за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е од 50 до 250 и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 2.000.000,00 (два милиони) евра, а помал од 10.000.000,00 (десет милиони) евра, финансирање.

Износот на остварени годишни приходи и просечен број на вработени се утврдува согласно финансиските извештаи за 2019 и 2018 година.

Апликантот обезбедува сопствено кофинансирање од 30% (за микро и мали претпријатија ) односно 40% за средни претпријатија од вкупниот буџет на проект.

Средствата добиени од Фондот по која било друга основа, како и средствата добиени по основ на која било друга државна помош, нема да се сметаат за прифатливи средства за кофинансирање од страна на Апликантот.

ВКУПЕН БУЏЕТ ЗА ПОВИК

За финансирање проекти под овој конкурс за овој Инструмент обезбеден е вкупен буџет од 6.000.000.00 (шест милиони) евра во денарска противвредност.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТ

Времетраењето на проектот може да биде до 18 (осумнаесет) месеци.

КРИТЕРИУМИ ЗА ПОДОБНОСТ НА АПЛИКАНТ

На овој повик може да аплицираат:

  • Трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот Регистар на Република Северна Македонија или приватна здравствена установа основана согласно Законот за установи и Законот за здравствената заштита регистрирана во Централниот регистар на Република Северна Македонија;
  • Апликантот да не е поврзан (согласно Законот за трговските друштва) со друго претпријатие и/или ПЗУ чии годишни приходи надминуваат 10.000.000 (десет милиони) евра и просечен број на вработени да не надминува 250 во претходните две фискални години, согласно член 10 став 1 точка 5 од Правилникот и одредбите од Јавниот конкурс, освен во случај на поврзаност со високообразовна, односно научноистрачувачка установа;
  • Против него да не е поведена стечајна постапка или постапка на ликвидација;
  • Да има подмирени доспеани обврски по основ на јавни давачки и придонеси;
  • Против него да не се отпочнати постапки за присилно извршување на доспеани парични побарувања;
  • Апликанти со над 3 (три) години на постоење до моментот на аплицирање да немаат остварена загуба согласно финансиските извештаи за последните две календарски години, согласно член 10 став 1 точка 5 од Правилникот и одредбите од Јавниот конкурс;
  • Да нема доспеани, а неподмирени обврски со доцнење над 90 дена кон финансиски институции заклучно состојба на крај на месец Февруари 2020, односно пред почеток на кризата предизвикана од Ковид 19, издадена од Македонско кредитно биро;
  • Да ги исполнува условите од Законот за контрола на државна помош и за истата намена/мерка да не добива државна помош од два различни извори, поради тоа што таквата помош не е дозволена.

ПОДОБНИ АКТИВНОСТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ

  • Набавка и воведување на нови, иновативни, напредни, ‘зелени’ и дигитални технологии за трансформација на производствените и деловните процеси;
  • Развој и воведување на нови по-еколошки процеси и стандарди за производство и работа; 
  • Набавка и воведување на нови дигитални решенија (софтвер, алатки, лиценци и сл.) и развој на дигитални бизнис модели, кои може да вклучуваат дигитализација на каналите за продажба и набавки;
  • Градење на капацитетите на менаџментот и вработените за примена на новите технологии;
  • Подобрување на продуктивностa и ефикасностa на производствените и/или деловните процеси;
  • Намалување на трошоци на производство и оперативно работење;
  • Подобрување на ефикасностa при употреба на ресурси;
  • Активности за намалување на негативното влијание врз животната средина;
  • Значително подобрување на квалитет и додавање на нови или значително подобрени карактеристики на производите и услугите како резултат на промените во понудата и побарувачката поврзани со последиците од КОВИД-19 кризата (вклучително стандардизација и сертификација);
  • Развивање на нови канали за продажба и активности за влез или експанзија на нови пазари – градење на постабилна и поодржлива мрежа на добавувачи.
  • Листата на активности не е ограничувачка.

ПОДОБНИ ТРОШОЦИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ

  • Бруто плати за вработените лица кај апликантот кои ќе бидат ангажирани на проектот; Износите на бруто плати на вработените ангажирани на проектот треба да соодветствуваат на воспоставените практики на корисникот пред почеток на проектот, намалени за износот на потенцијална државна субвенција примена по основ на плата;
  • Трошоци за техничка поддршка (експертиза), трошоци за договорни услуги за истражување, развој, дигитализација (пр. тестирање, лабораториски услуги и слично);
  • Трошоци за набавка и изнајмување на опрема, софтвер, алатки од информатичка технологија и суровини и потрошен материјал, директно поврзани со реализација на проектот;
  • Трошоци поврзани со спроведување на план за технолошки развој на Апликантот;
  • Други оперативни трошоци директно поврзани со реализацијата на проектот, освен оние кои не се подобни за финансирање преку овој Инструмент.
  • Само трошоците направени за време на проектот во согласност со одобрениот буџет на проектот и реализирани до крајот на проектот се подобни за финансирање.
  • При распределба на буџетот по квартали, апликантот треба да води сметка за рамномерност во распределбата на буџетот односно износот за секој одделен квартал да не се разликува од останатите квартали за повеќе од 30 (триесет) %.

КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА

  • Технолошки напредок и степен на дигитализација;
  • Квалитет на проектот;
  • Капацитет на проектниот тим;
  • Влијание.

Критериумите и подкритериумите за евалуација на проектите се наведени во образецот –Табела за евалуација.

НАЧИН И РОК НА АПЛИЦИРАЊЕ

Рокот за аплицирање е до 15.06.2022, до 14 часот.

Сите обрасци за аплицирање може да ги преземете на следниот линк: „Преземи документација“

Уредно да се пополнат, потпишат и печатираат:

  • Образец за проектна апликација;
  • Образец за буџет на проектот;
  • Изјава на Апликантот за прифаќање на условите на Фондот;
  • Нотарски заверена изјава за сопственичка – основачка структура на Апликантот и
  • Кратки биографии на лицата кои го сочинуваат проектниот тим ангажиран во проектот (најмногу за 5 (пет) лица).
  • Проектната апликација, буџетот на проектот и биографиите треба да бидат пополнети на македонски и на англиски јазик и во PDF формат да се прикачат на формуларот за аплицирање со клик на копчето „Аплицирај “.
  • Останатата документација треба да биде доставена само на македонски јазик.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:грантинструментнеповратнисубвенциифонд за иниовации
Претходен напис Украина со помалку пролетни посеви, Турција се мачи со суша, а Русија предвидува рушење рекорди
Следен напис Светската криза за храна, ги „запали“ тракторите и ги извади на нива и најголемите песимисти кога е земјоделското производство во прашање
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?