Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Полните силоси со жито во Одеса заглавени поради руската блокада, ЕУ предупредува дека се заканува глобален недостиг на храна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Полните силоси со жито во Одеса заглавени поради руската блокада, ЕУ предупредува дека се заканува глобален недостиг на храна
Агровести

Полните силоси со жито во Одеса заглавени поради руската блокада, ЕУ предупредува дека се заканува глобален недостиг на храна

Објавено 10/05/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во понеделникот за време на посетата на Одеса изјави дека во тоа пристаниште на Црното Море се блокирани силоси полни со храна за извоз. Украинскиот град во последните денови беше цел на руски ракетни напади.

Мишел на Твитер напиша дека со украинскиот премиер Денис Шмихал разговарал за последиците од војната за украинското пристаниште.

„Видов силоси полни со житарки, пченица и пченка подготвени за извоз. Таа многу потребна храна е блокирана поради руската војна и блокадата на пристаништата на Црното Море. Тоа предизвикува драматични последици за ранливите земји. Ни треба глобален одговор“, порача Мишел на Твитер.

Премиерот на Украина изјави дека Украина секојдневно губи по 170 милиони долари поради отсечениот пристап до морето, а националниот извозен капацитет е преполовен.

„Блокирани се 90 милиони тони земјоделски производи што Украина планираше да ги извезе во земјите од Азија, Африка и Европа“, нагласи Шмихал на прес-конференцијата со Мишел во Одеса.

Тој додаде дека некои производи се извезуваат по копнен пат или железница, но дека некои резерви се во области кои се гранатирани или освоени од Русија.

Украина е глобален извозник на житарки, а претставниците на Обединетите нации предупредуваат дека блокирањето на снабдувањето со овие производи ќе ја загрози безбедноста на храната во важните земји, особено посиромашните во Африка и на други места.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека разговарал со Мишел за време на неговата посета на Одеса.

„Важно е да се спречи кризата во снабдувањето со храна во светот предизвикана од руските агресивни дејствија. Мора да се преземат итни мерки за деблокирање на украинските пристаништа за извоз на пченица“, рече Зеленски.

In the port of #Odesa with @Denys_Shmyhal, I saw silos full of grain, wheat and corn ready for export.
This badly needed food is stranded because of the Russian war and blockade of Black sea ports. Causing dramatic consequences for vulnerable countries. We need a global response. pic.twitter.com/k8dz03d2Cj

— Charles Michel (@eucopresident) May 9, 2022

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:пченицаУкраина
Претходен напис Од утре, 11 мај, почнува аплицирањето за Јавниот повик на Развојна банка за средства од бескаматната кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза
Следен напис МЗШВ: Потсетување до сите жени земјоделки дека во тек е јавниот повик за Рурална жена, ги повикуваме земјоделките да аплицираат и да ја искористат поддршката
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?