Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од утре, 11 мај, почнува аплицирањето за Јавниот повик на Развојна банка за средства од бескаматната кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Од утре, 11 мај, почнува аплицирањето за Јавниот повик на Развојна банка за средства од бескаматната кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза
Јавни огласи и повициФондови

Од утре, 11 мај, почнува аплицирањето за Јавниот повик на Развојна банка за средства од бескаматната кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза

Објавено 10/05/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Развојна банка отвори Јавен повик за средства од бескаматната кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза:

Микро, мали и средни компании, трговци поединци и занаетчии погодени од енергетската и економската криза од 11 мај 2022 година ќе можат да аплицираат за средства од новата бескаматна кредитна линија наменета за обртни средства. Јавниот повик ќе трае 15 дена, а барањето за кредит субјектите може да го достават електронски на посебна е-маил адреса.

Во услови на светска енергетска и економска криза, Владата на Република Северна Македонија донесе сет на економски мерки за намалување на последиците од истата, со цел заштита на стандардот на граѓаните и одржување на економската стабилност. Една од мерките кои се реализираат преку Развојна банка на Северна Македонија е воспоставувањето на новата бескаматна кредитна линија наменета за поддршка на компании погодени од енергетската и економската криза.

Кредитната линија е наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и занаетчии кои плаќаат данок на реален приход и се регистрирани во Република Северна Македонија. Компаниите треба да бидат во приватна сопственост и на листата на прифатливи класи на дејности за кредитирање, објавена во јавниот повик.

Минималниот износ на кредит е 185.000 денари, додека максималниот износ на кредит е 3.000.000 денари. Кредитот ќе има рок на отплата од 12 и од 18 месеци со вклучен грејс период од 6 месеци и во двата случаи.

За корисниците на оваа кредитна линија предвидена е грант компонента од 10 проценти за субјектите кои ќе користат рок на отплата од 18 месеци, односно 20 проценти за субјектите кои ќе користат рок на отплата од 12 месеци. Грејс периодот и во двата случаи е до 6 месеци.

Субјектите кои користеле кредит од ,,Ковид 3” и ,,Ковид 4”, нема да можат да ја користат кредитната линија за поддршка на компаниите погодени од енергетската и економската криза. Субјектите кои користеле кредит од „Ковид 1“ и/или „Ковид 2“ и немаат неизмирени достасани обврски во износ поголем од 10.000 денари на денот на аплицирање (11 мај 2022), ќе можат да ја користат оваа бескаматна кредитна линија.

Јавниот повик е објавен на 05.05.2022 година и ќе трае 15 дена сметано од 11 мај 2022 година од 09:00 часот до 26 мај 2022 година до 09:00 часот. Поднесувањето на кредитните барања ќе се одвива по електронски пат на е-маил адресата [email protected].

Може да ви се допадне

Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
ЈАВЕН ПОВИК 05/26: Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир
ЈАВЕН ПОВИК 04/26: Теарце, Дебар, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Кисела Вода, Делчево, Берово, Пехчево и Велес
ЈАВЕН ПОВИК БР.03/26: Крива Паланка, Кочани, Виница, Кратово, Пробиштип, Куманово и Свети Николе
Таг:развојна банка
Претходен напис Услови и потребна документација за новиот јавен повик за кофинансирани грантови од ФИТР
Следен напис Полните силоси со жито во Одеса заглавени поради руската блокада, ЕУ предупредува дека се заканува глобален недостиг на храна
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?