Во расадникот во с. Извор, во подружницата Бабуна – Велес, во тек се подготовки на почвата за пролетна сеидба на лисјарски видови од јавор и јасен.

Расадникот во с. Извор кој е во сопственост на ПШС Бабуна – Велес е еден од расадниците во ЈП Национални шуми во кој се произведуваат садници со класично производство од автохтони и алохтони дрвни видови, кои се од посебен интерес за шумарството.

Класичното производство т.е. садници со гол корен се произведуваат во леи во расадник. Производството се изведува со потсејување на семето во самите леи.

Дел од видовата структура на шумски саден материјал која се произведува во расадниците за класично производство е следнава: црн и бел бор, приморски бор, молика, смрча, ела, дуглазија, аризонски чемпрес, ариш, јасен, јавор, даб, багрем, бука, питом костен и др.




