Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Европската комисија предлага укинување на царините за украинскиот извоз во ЕУ, вклучувајќи ги и земјоделските производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Европската комисија предлага укинување на царините за украинскиот извоз во ЕУ, вклучувајќи ги и земјоделските производи
Агровести

Европската комисија предлага укинување на царините за украинскиот извоз во ЕУ, вклучувајќи ги и земјоделските производи

Објавено 29/04/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската комисија предложи едногодишно укинување на увозните царини за целиот украински извоз во Европската Унија, вклучувајќи ги и земјоделските производи.

Овој потег треба да помогне да се зголеми извозот на Украина во ЕУ за да се олесни маката на локалните производители и извозници кои се соочуваат со руската воена инвазија, соопшти Комисијата.

Овој предлог го коментираше и Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, која нагласи дека руската, неиспровоцирана и неоправдана агресија сериозно се одразува на украинската економија. Во изјавата таа рече дека разговарала со претседателот Володомир Зеленски за начините за поддршка на економијата, покрај финансиската помош и субвенциите.

„Двајцата се согласуваме дека брзото и сеопфатно суспендирање на увозните давачки е клучно за зајакнување на нивната економија. Тоа значително ќе го олесни извозот на индустриски и земјоделски стоки во ЕУ. Во овие ужасни времиња, ние продолжуваме да ја поддржуваме Украина“, заклучи таа.

„Европската Унија никогаш досега не вовела такви мерки за либерализација на трговијата кои се без преседан по своите размери: одобрување на нулта царина за Украина, нулат квоти на пазарот на ЕУ“, изјави потпретседателот на ЕК и комесар за трговија Валдис Домбровскис, додавајќи дека од почетокот на руската агресија, ЕУ како приоритет го истакна одржувањето на украинската економија, што, како што нагласи, е клучно и за нејзината победа во оваа војна и за нејзино опоравување по војната.

„Овие мерки директно ќе им помогнат на локалните производители и извозници. Тоа ќе ја зајакне довербата во економијата и ќе испрати силен сигнал дека ЕУ ќе направи се што е во нејзина моќ да им помогне до степенот што им е потребен“, рече тој.

Како што е соопштено, ЕУ исто така наоѓа начини да го олесни копнениот транспорт на стоки за да помогне во извозот на украинските производи, особено земјоделските. На пример, Комисијата веќе започна со либерализација на условите за возачите на камиони кои превезуваат стока меѓу Украина и ЕУ, како и олеснување на транзитот и користење на инфраструктурата на ЕУ за насочување на нивниот извоз во трети земји.

🇪🇺🇺🇦 We are granting Ukraine zero duty, zero quota trade with the EU. This means:

Scrapping all customs duties on products not fully liberalised yet in our trade agreement, such as

⚙️industrial products or
🌾agricultural products currently limited by quota or entry price.

1/3 pic.twitter.com/zJ3fU8xdQK

— EU Trade 🇪🇺 (@Trade_EU) April 27, 2022

Може да ви се допадне

Нивото на Дунав во Романија најниско во последните 30 години, нарушен бродскиот сообраќај и земјоделството
Трет третман на терестичка дезинсекција на територија на Општина Куманово
Се чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места низ градот се дели пакувана вода за пиење
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателката на Индија
Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Таг:Украина
Претходен напис (ФОТО) Активности за пролетна сеидба во расадникот во с. Извор
Следен напис НФФ: Покрај интервентните мерки, да има и откуп за државните стоковни резерви
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?