Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Блитвата е многу ценет зеленчук – Еве како се одгледува
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Блитвата е многу ценет зеленчук – Еве како се одгледува
Растително производство

Блитвата е многу ценет зеленчук – Еве како се одгледува

Објавено 13/04/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Блитвата потекнува од Медитеранот, каде што и денес растат нејзините диви роднини. Како зеленчук, блитвата се одгледува и користи околу 2.000 години. Главно се одгледува како градинарски вид.

Лисјата и стебленцата на листовите се користат во исхраната како чорба и салата. По својата хранлива вредност е слична на спанаќот. Богата е со калиум, натриум, калциум, а содржи и многу витамин Ц и бета каротен. Блитвата е многу ценета во исхраната како зеленчук кој помага во регулирањето на варењето, добар диуретик е и се препорачува против анемија кај децата и младите.

Својства на блитвата

Блитвата е двегодишно растение. Во првата година се развива длабок и разгранет коренов систем кој се задебелува во горниот дел, има скратено стебло и лисна розета. Листовите се на долги лисни дршки кои можат да бидат долги 10-25 см и широки 1-4 см. Листот има овални, прави или брановидни краеви, со мазна или закривена површина. Листот може да има зелена или жолто-зелена боја, со сјаен изглед. Дршките и краевите на листовите можат да бидат бели, црвени или зелени.

Во втората година се развива цветно стебло високо до 120 см. Цветовите се ситни, во групи од 2-6 и се опрашуваат главно со ветер. Плодот е како клопче, кое воедно служи и како семе. Во едно клопче обично има повеќе семиња, па од една клопче се развиваат 2-3 растенија.

Производство на блитва

Блитвата најмногу се произведува со директна сеидба, но можно е и производство од расад. Сеидбата на блитва е сукцесивна и може да се врши од рана пролет до крајот на јуни за летна или есенска потрошувачка или во август и септември за консумација во рана пролет. Сеидбата е на растојание меѓу редовите 20-30 см и по ред 5-30 см, додека длабочината на сеидбата е 2-4 см. Во фаза 1-2 на листот се врши проретчување.

Блитвата може да се бере околу 60 дена по сеидбата. Ако се берат млади растенија, во фаза од 5-6 листа, тогаш блитвата се откорнува од коренот. Ако бербата е од развиени растенија, се берат надворешните, целосно развиени и неоштетени лисја. На тој начин се овозможува понатамошен непречен раст на розетата и 3-5 берби од истиот род. Добар посев на блитва може да даде принос од 30-60 тони/хектар.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:блитва
Претходен напис Дива мачка регистрирана во заштитеното подрачје Вевчански извори
Следен напис Какви температури и одговараат на пиперката?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?