Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дива мачка регистрирана во заштитеното подрачје Вевчански извори
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Дива мачка регистрирана во заштитеното подрачје Вевчански извори
Шумарство и водостопанство

Дива мачка регистрирана во заштитеното подрачје Вевчански извори

Објавено 13/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во заштитеното подрачје Вевчански извори со фото замка, камерите на еколошкото здружение „Еко свест“ регистрирале дива мачка.

Дивата мачка е преосетлив и плашлив дивеч, строго заштитен вид. Согласно Законот за ловство на национално ниво забранет е нејзиниот лов. Исклучив месојад, кој вообичаено оди ноќе и взори по својот плен, а начинот на исхрана го приспособува според условите на своето живеалиште. По изглед слична е со питомата мачка.

-Има одлично развиен слух, вид и допир, а послаб мирис. Таа е силно и снаодливо животно, се движи внимателно и речиси нечујно, а може да скокне во должина и до 15 пати повеќе од своето тело. Од питомите мачки секогаш се разликуваат по црните усни и табани и големата влакнавост во внатрешноста на ушите. Главата на дивата мачка е поширока од главата на домашната, информира „Еко свест“.

Здружението информира дека фото замките биле поставени во 2018 година во рамките на проектот „Воспоставување на систем за мониторинг и управување со Вевчански извори Споменик на природата”, поддржан од УНДП. Во тек е реализација на проектот „Поддршка на одржливо управување на Заштитеното подрачје Вевчански извори“, што од минатата година го реализаира во ова заштитено подрачје со цел поддршка за одржливо управување. Во рамките на проектот во мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ предвидено е да биде поставена трајна поставка за природа, преку која посетителите ќе можат да се запознаат со природното наследство на Споменикот на природа Вевчански извори и планината Јабланица.

Може да ви се допадне

Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“: Предизвикал штета од над 2 милиони денари
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Таг:вевчанидива мачка
Претходен напис Легенди за јоргованот – Како виолетовиот јоргован станал бел и зошто е симбол на љубовта?
Следен напис Блитвата е многу ценет зеленчук – Еве како се одгледува
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?