Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заштита на житните култури од житната пијавица (лема)
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Заштита на житните култури од житната пијавица (лема)
Совети

Заштита на житните култури од житната пијавица (лема)

Објавено 18/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Лемата е штетник кој ги напаѓа пченицата, јачменот и овесот, а може да се храни и со некои видови треви. За развој на една генерација од лемата потребна е една година. Презимува во стадиум на имаго (израснати инсекти) во суви лисја, во трева, во основата на стрнката или во шуплината на сламата. Имагото е долго 5 мм.

Поголемиот дел од телото е со темносина боја, а вратниот дел е портокалов. Најголем број на имага се јавуваат во почетокот на април, во зависност од температурата на воздухот која треба да биде над 10 степени Целзиусови. Периодот на положување на јајца зависи од временските услови и може да трае и до средината на јуни. Јајцата се со килибарно-жолта боја, а ги положува на горната страна од листот во групи. Ларвите на лемата веднаш почнуваат да се хранат, затоа што не поднесуваат гладување.

Економски значајни штети причинуваат и имагото и ларвите. Во текот на исхраната ларвите на лемата прават карактеристични оштетувања на листот на житата. При исхраната ја уништуваат лисната маса помеѓу нервите. На тој начин тие го уништуват растителното зеленило и нападнатите посеви добиваат беличеста боја наместо зелена. Врз основа на ова, нападнатото жито може од голема далечина да се препознае.

За намалување на штетите може да се влијае ако се избегнува одгледување на стрните жита две години на исто место, порана сеидба на јарите жита, прихранување на посевите, агротехничките мерки и др.

Во зависност од јачината на појава на имагото и ларвите се врши хемиско сузбивање. Доколку има повеќе од 10 ларви на м2 на озимите житарици или 5 ларви м2 на јарите житарици, треба да се врши сузбивање. За сузбивање можат да се користат оние инсектициди, ако во упатството е пропишано дека можат да се користат за сузбивање на овај штетник.

М-р Цветан Јовановски, АПРЗ

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:житна пијавица
Претходен напис Времето денеска облачно и студено со дожд и снег
Следен напис Микроалгите го подобруваат здравјето и растот на телињата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?