Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На Дебарско Езеро од денеска забрана за риболов на скобал
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > На Дебарско Езеро од денеска забрана за риболов на скобал
Шумарство и водостопанство

На Дебарско Езеро од денеска забрана за риболов на скобал

Објавено 15/04/2022
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заради овозможување непречен природен мрест на рибите и зачувување на рибниот фонд, на Дебарско Езеро, од денес е воведена забрана за риболов на скобал (скобуст).

– Од денеска во сила е забраната за риболов на скобал што ќе трае до 15 мај. Ги замолуваме спортските риболовци да ја почитуваат забраната. Членовите на нашето друштво, како и рибочуварска служба постојано се во обиколка на езерото, изјавија од Спортското риболовно друштво „Трофта“, кое е концесионер на езерото.

Додаваат дека следниот месец ќе има забрана за лов на клен, крап и црна мрена.

– Забраната за лов на крап ќе почне од 15 мај и ќе трае до 30 јуни, кога ќе има забрана и за лов на црна мрена, додека од први до 31 мај ќе биде воведена забрана за лов на клен. Во овој период дозволен е риболов на плашица и на пастрмка, за која пак забрана се воведува од први октомври па се до 31 јануари, велат од друштвото за МИА.

Посочуваат дека целта на друштвото како концесионер е да го заштитат рибниот фонд на Дебарско Езеро, во што одлична соработка имаат со припадниците на дебарската полициска станица.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!
Таг:Дебарско езеро
Претходен напис Пласман за зелката има, протестот е насочен кон цената и трговците, вели министерот Николовски
Следен напис „Отворен Балкан“: Кон крајот на мај ќе почне примената на Идентификацискиот број
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?