Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Отворен Балкан“: Кон крајот на мај ќе почне примената на Идентификацискиот број
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Отворен Балкан“: Кон крајот на мај ќе почне примената на Идентификацискиот број
Агровести

„Отворен Балкан“: Кон крајот на мај ќе почне примената на Идентификацискиот број

Објавено 15/04/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Државјаните на Србија, Албанија и Северна Македонија ќе можат да се вработат во некоја од земјите членки на „Отворен Балкан” со добивање Идентификациски (матичен) број на Отворен Балкан”, без какви било дополнителни административни процедури.

Регионалната имплементација на договорите со кои се регулира слободниот пристап до пазарите на трудот во Западен Балкан треба да започне кон крајот на мај, според информациите од Стопанската комора на Србија (ПКС), пишува белградска Нова Економија.

-Во моментов се работи на поврзување на шемите за електронска идентификација, односно подготовка на инфраструктурата во секоја од земјите потписнички на иницијативата Отворен Балкан, така што регионалната имплементација на договорот кој ќе овозможи издавање на „Идентификационен број на Отврен Балкан”, ќе започне кон крајот на мај, кога ќе бидат завршени сите технички услови, изјави Ненад Ѓурѓевиќ, советник на претседателот на ПКС за Отворен Балкан.

Процесот на издавање на „Идентификационен (матичен) број на Отврен Балкан” е замислен така да биде една од услугите на порталите за еУправа.

-Самиот процес е дизајниран така што вие, како државјанин на Србија, доколку сакате да го добиете вашиот идентификациски број на Отврен Балкан, треба да одите на веб-страницата на еУправа и да ја изберете таа услуга. Треба да ги пополните основните информации како име, презиме, матичен број или документ за идентификација кој потврдува дека сте државјанин на земја-членка на Отворен Балкан и врз основа на овие информации, го добивате вашиот идентификациски број на Отврен Балкан со кој потоа можете да се вработите во една од земјите на оваа иницијатива без било какви друг дополнителни административни процедури. Тој број ви овозможува да имате ист третман во земјата во која се вработувате како и локалното население, изјави Ѓурѓевиќ.

Имплементацијата се очекува да започне кон крајот на мај, бидејќи се работи на тоа да се осигура дека сите земји членки на иницијативата Отворен Балкан се на исто ниво подготвени за почеток на имплементацијата.

Отворен Балкан воведува идентификациски број, што ги поврзува државните е-управи. Слободниот пристап до пазарот на трудот и постапката што ќе го овозможи се регулирани, меѓу другото, со Договорот за условите за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан и Договорот за поврзување на шемите за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан.

Договорите беа потпишани на 21 декември во Тирана од српскиот претседател Александар Вучиќ, македонскиот премиер Зоран Заев и албанскиот премиер Еди Рама.

Може да ви се допадне

Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Резултатите за водата во Гостивар ќе бидат објавени откога ќе одобри Обвинителството
Таг:отворен балкан
Претходен напис На Дебарско Езеро од денеска забрана за риболов на скобал
Следен напис Демир Капија доби пари за обесштетување на земјоделците кои лани претрпеа штети од ниските температури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?